[ФОТО] Сензација: Големо археолошко откритие во Албанија

Точка

08/09/2025

16:37

3.789

Големина на фонт

а а а

Археолозите во Албанија откриле голема римска гробница од третиот или четвртиот век од нашата ера, прва од ваков вид пронајдена во балканската земја што некогаш била дел од Римското Царство, соопшти Албанскиот институт за археологија.

„Натписот ни кажува дека лицето кое било погребано тука се викало Џулијано, име типично за римскиот период. Не сме сигурни за идентитетот на другото лице, но веројатно е член на семејството“, изјави водечкиот археолог на проектот, Ериксон Николи, пренесе Ројтерс.


Во гробницата се пронајдени и стаклени садови како и ножеви.


„Откривме и парче ткаенина извезено со златни конци, што го потврдува нашето верување дека станува збор за припадник на високата класа“, рече Николи.


Според него, гробницата била ограбена најмалку двапати и била посветена на богот Јупитер.


Експертите сè уште не ги дешифрирале дополнителните натписи на камења пронајдени во близина, за кои се верува дека припаѓале на друг споменик, кој сега е окружен со пченкарни полиња и каменолом.


Вработените во Институтот за археологија започнале со ископувања на почетокот на август, врз основа на дојава од локалните жители кои забележале необични камења на плато во близина на границата со нашата земја, кога пронашле подземна структура со големи варовнички плочи на кои биле напишани грчки букви.