Во 2050 година Европа ќе се соочи со сериозни последици од климатските промени кои ќе го обликуваат секојдневниот живот, инфраструктурата и околината, наведува вештачката интелигенција.
Климатските промени и денес значајно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните ширум Европа, манифестирајќи се низ сѐ почестите екстремни временски појави како разорни топлински бранови, долготрајни суши, катастрофални поплави и шумски пожари.
Европа брзо се загрева што доведува до драматични промени во земјоделството, водните ресурси и јавното здравје.
Експертите предупредуваат дека ситуацијата, доколку се продолжи со сегашниот тренд, драстично ќе се влоши во следните години.
Се очекува температурите дополнително да се зголемуваат, сушите да станат уште поинтензивни и подолготрајни, а нивото на морето да се зголеми до таа мера што ќе загрози милиони луѓе кои живеат во крајбрежните места, што ќе резултира со поголеми економски загуби и општествени предизвици отколку што Европа досега доживеала.
Во 2050 година Европа ќе се соочи со сериозни последици од климатските промени кои ќе го обликуваат секојдневниот живот, инфраструктурата и околината, наведува и вештачката интелигенција, односно „ChatGPT“.
Според таа платформа до 2050 година се очекува зголемување на температурите од 1-3 степени Целзиусови, а според некои сценарија и до 50 степени Целзиусови.
Лондон до 2050 година ќе има клима слична на онаа во Барселона денес, што вклучува потопли и посушни услови. Што се однесува до Париз, се предвидува до тогаш да има клима слична на Истанбул. Венеција е особено ранлива поради зголемување на нивото на морето и ерозија на крајбрежјето.
До 2050 година климатските промени би можеле да предизвикаат дополнителни 14, 5 милиони смртни случаи во Европа поради топлинските бранови, болести и загадувањето.
Во јужна Европа се очекува намалување на садниците на пченица и пченка до 50 отсто поради суша и високи температури, наведува вештачката интелигенција и заклучува: Европа во 2050 година ќе биде сведок на значајни климатски промени кои ќе го обликуваат нашето секојдневие.