Традиционално, како и секоја, така и оваа година ДПМ распиша награден Конкурс за најдобра необјавена песна на „Празник на липите 2020“, кој што официјално беше затворен на 20-ти август.
Од ДМП веќе почнаа да ги објавуваат пристигнатите песни на нивната страница на Фејсбук, а воедно се благодарни што интересот оваа година бил огромен.
Поради пандемијата коронавирус, оваа година авторите на песните преку читање на своите испратени песни, се претставија на пошироката македонска публика, на љубителите, но и на оние кои што со радост сакаат да слушнат како македонската поезија денес звучи.
Прва на листата на објавени песни се најде „Бочва“, од Александра Велинова.
Во продолжение, ви ја пренесуваме песната:
БОЧВА
Поетско читање, Александра Велинова:
Александра ВелиноваДраги пријатели,
ја имаме радоста да почнеме со објавување на песните кои пристигнаа на конкурсот за најдобра песна на „Празник на липите 2020“. Рокот за пријавување трае, така што можете сѐ уште да ни пратите ваша поезија, како во текстуален така и во видео формат.
Започнуваме со „Бочва“ од Александра Велинова
БОЧВА
Железни обрачи цврсто ги држат,
даските, не знам когашни.
И виното внатре
знам, Божја крв е,
ама не знам, когашно е.
За причест се чува
или за свадби,
не дај Боже или за
„вечна му памјет“.
Колкумина се вљубиле,
колкумина се степале,
колкумина отпосле узнале
што било вчера и некна...?
Капка за радост,
капка за смеа,
капка за солзи и тага,
да отвориш душа...
И се така, замешани в едно.
Црно ил бело, в бочва е исто.
И прадедо чувал
во бочвата,
за арно ил лошо
за пред човека.
Не беше сама
другарки многу
со бројки наредени,
ко в зандана темна.
Збор не ќе чуеш,
но, дали ќе издржат
обрачите не знам.
Aleksandra Velinova
Posted by Друштво на писателите на Македонија on Sunday, August 2, 2020
Во тек се и останатите објавувања на песните кои што пристигнале на конкурсот, а истите може да ги слушнете/прочитате на официјалната Фејсбук страна на ДПМ.