[ФОТО] Агенција „Марили“ ги награди лауреатките на 29- то издание на регионалната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ 2025

Точка

19/05/2025

14:00

1.970

Големина на фонт

а а а

Агенција „Марили“, во саботата, на 17 мај 2025 година, традиционално по 29-ти пат ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот.

Свеченоста се одржа во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје, а ја водеше беспрекорната м-р Ели Танасковска, уредник, водител и новинар во Македонската Радио Телевизија.

Манифестацијата ја отвори генералната менаџерка на маркетинг агенција „Марили“ и организатор на свеченоста, Лидија Трипуноска, а специјален гостин беше проф. д-р Никица Мојсоска – Блажевски, главна и извршна директорка на „Македонија2025“, која имаше свечено обраќање.

„Лауреатките ја добиваат статуетката „Жена водилка“ која симболично претставува жена со крената рака во која држи факел, за да го осветлува патот за сите жени, особено за младите генерации високообразовани жени, но и за сите млади луѓе на кои треба да им покажеме дека и наше тло можат да се градат успешни бизнис приказни“, рече во своето обраќање, Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“.


За музичкиот дел се погрижија младата и талентирана виолончелистка Ада Богоевска, придружувана на клавинова од Марија Богоевска, како и младата и успешна оперска певица, сопранот Ева Живковска, придружувана oд уметничкиот соработник Дарко Мариновски. Младите талентирани дами ја воодушевија публиката и добија заслужени громогласни аплаузи.

На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за лауреатки беа прогласени 13 менаџерки, 11 од земјава, една од Р. Србија и една од Р. Хрватска.

Секоја од нив оставила длабок печат со својата работа и труд и сите биле препорачани од нивни колеги и соработници и доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности. Секако, почитувана е и нивната согласност да бидат дел од изборот.

Во продолжение, список со овогодишните лауреатки:

1. Анита Атанасовска

Генерален менаџер

„Супериор Лукс“ Скопје


2. Стевка Василева

Генерален менаџер

ПЗУ „Д-р Александар и д-р Методи Белушкови“ Радовиш


3. М-р Дафинка Ивановска

Извршен менаџер и Рубинов директор во „тианДе“

„Ревитал Козметикс“ Скопје


4. Д-р Оливера Клинчарова

Претседател на Одбор на директори

„Делта ИНС Брокер АД Скопје“


5. Д-р Даниела Михајловска

Генерален менаџер

„Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ Скопје и Гостивар


6. Елена Лотеска Наумовска

Генерален менаџер

„Брод Армада“ Охрид


7. Д-р Маја Петаноска

Бренд менаџер и косопственик

ДПТУ „ДЕРМАЕСТЕТИКА“ ДОО Скопје


8. М-р Ирена Миновска – Пехливанова

Стратегиски менаџер

„Авто-Мото Сојуз на Македонија“ – АМСМ


9. Арзијана Фејзи

Менаџер за правни работи

„Рамацоти Фуд“ Гостивар


10. Јанинка Чупаркоска

Генерален менаџер

„КОЖУВЧАНКА“ ДОО Кавадарци


11. Проф. д-р Јана Манева – Чупоска

Визуелен уметник

Претседател на ДЛУМ


12. М-р Барбара Оленик Станичиќ

Директор на сектор за Човечки ресурси

Јадран д.д, Цриквеница, Р. Хрватска


13. Слободанка Цока Стевиќ

Генерален менаџер

ТА „Кондор ТИС“ Лозница, Р. Србија


Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат храбро низ сите животни предизвици, и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век и да бидат пример за генарациите кои доаѓаат по нив.

„Агенција „Марили“ преку манифестацијата, речиси 30 години наназад го застапува, поддржува и промовира јакнењето на женското претприемаштво и лидерство, особено во борбата за поголема застапеност на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи“, изјави Лидија Трипуноска, генерален менаџер на „Марили“ во своето обраќање.

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот „Марили Бизнис Клуб“ спојува над 170 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата.