Стотици урбани моторџии облечени во костуми, палта, вратоврски и елегантни чевли вчера по десетти пат продефилираа низ улиците на Скопје во рамки на глобалната акција The Distinguished Gentleman’s Ride, посветена на подигање на свеста за машкото здравје.
Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен The Distinguished Gentleman’s Ride оваа година го прослави своето јубилејно 10-то Скопско издание. Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење е секако чест но и обврска. Пред 10 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести. 10-та Скопска едиција испорача инпресивни резултати, бидејќи оваа година на улиците на главниот град, излегоа повеќе од 185 “дотерани” моторџии со своите класични блескави машинини. Сепак вреди да се спомене достигнувањето на глобално ниво, кое во изминативе години за борба против ракот на простата собра повеќе од 59.8 милиони Долари, а на кој настан зедоа учество над 340.000 учесници во повеќе од 121 држави и 1038 градови во светот. Секако, и Макединија, односно Скопското издание придонесе во овие бројки од 2016-та, со повеќе од 24,000 долари.
Блескавилото на прекрсните мотоцикли и шармот на “дотераните” моторџии и оваа година беа задолжителен фолклор на Скопскиот настан, со цел да се оддржат добропознатите тематски постулати на овој настан - ширење на свеста кај машката популација и собирање на средства за борба против ракот на простата и машките самоубиства.
Екипата на Gentleman’s Crew Skopje, организатор на Скопското издание на популарниот DGR упатува благодарност до сите учесници, партнери и пријатели, кои допринеоса оваа година популарниот Ride да ги надмине своите досегашни дистигнувања.
Скопје за првпат стана дел од оваа урбана и хуманитарна мото-приказна во 2016 година, благодарение на иницијаторите Игор Стефановски и Благоја Петровски, кои успеаја низ годините да го задржат ентузијазмот и интересот за ова уникатно дружење со хуманитарна цел.
Како и претходните години, собраните донации ќе бидат уплатени на сметката на фондацијата „Мовембер“ во Лондон, од каде потоа се распределуваат кон болници и институции кои се борат за подобрување на машкото здравје и заштита од рак на простатата.
Настанот се организира секоја година во втората половина на мај според одредени правила и мора да има одлики специфични за самото движење како уникатни мотори и елегантен дрес код.
Првпат движењето „The Distinguished Gentlemans Ride“ почна во 2012 година во Сиднеј кога Марк Хава облечен во фин машки костим одлучи да продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простата.