„Армор Плус“ ја претставува првата Outlet продавница за заштитна опрема во Македонија: Oтворен ден на 21 мај od 10:00 до 18:00 часот во Скопје

Точка

19/05/2025

22:15

1.635

Големина на фонт

а а а

На 21 мај 2025 година, „Армор Плус“ ја отвора својата прва Outlet продавница за лична заштитна опрема во Скопје, на адреса ул. Трета македонска бригада бр. 48. Со ова, компанијата го претставува првиот ваков концепт во Македонија, дизајниран да им овозможи на клиентите пристап до сертифицирана заштитна опрема – веднаш, по поповолни цени и без компромис во однос на квалитетот.

По повод отворањето, на 21 мај ќе се одржи Отворен ден од 10:00 до 18:00 часот, кога сите заинтересирани ќе можат да ја посетат новата локација, да се информираат и да искористат промотивни понуди.

„Армор Плус“ веќе над 20 години е присутен на македонскиот пазар, а од 2010 година е дел од Пастор групацијата, позната по својата посветеност на високите стандарди за безбедност и квалитет. Компанијата е официјален застапник на светски познати брендови како „Pastor TVA“ (Хрватска), „Delta Plus“ (Франција), „Dräger Safety“ (Германија), „Fal“ (Шпанија), „Holmatro“ (Холандија), „Erreà Sport“ (Италија), „Vallfirest“ (Шпанија), „Giasco“ (Италија), „Sloen“ (Белгија).


Оваа компанија е специјализирана за производство и набавка на заштитна опрема, со посебен фокус на противпожарна опрема и униформи за пожарникари. Нивните производи се дизајнирани и сертифицирани според највисоките европски стандарди за безбедност и издржливост, обезбедувајќи максимална заштита и функционалност при интервенции во екстремни услови. Со долгогодишно искуство „Армор Плус“ е сигурен партнер на професионалните служби за домашни интервенци, како на домашниот, така и на пазарите на Балканот и Европа.

Во новата продавница ќе биде достапна програмата на лична заштитна опрема: работна облека, заштитни обувки, шлемови, очила, зимски јакни, спортска опрема и други производи, со целосна стручна поддршка на лице место. Outlet моделот овозможува производите да се понудат по специјални цени, правејќи ја професионалната заштита подостапна за поширок круг корисници – од индустриски работници, градежништво, работници во фабрики, спортисти и индивидуални клиенти.

Со новиот Outlet, Армор Плус испраќа јасна порака“: „Безбедноста треба да биде достапна за секого“. Оваа иницијатива е чекор напред во градењето култура на одговорност и заштита – и на работното место и надвор од него.