Објавен е првиот трејлер за филмот „The Batman“, кој го режираше Мет Ривс.
Можеме конечно да видиме како ќе изгледа Роберт Патинсон во улога на „Бетмен“, како и Зои Кравиц во улога на „Жена мачка“.
Првиот трејлер е прикажан на онлајн настанот „DC Fan Dome“ и ги воодушевил фановите.
Очигледно дека публиката ќе има можност да види малку поразличен филм за Бетмен, многу побрутален.
Трејлерот проследен со песната „Something in the Way“, од бендот Нирвана, веќе го погледнале над 12 милиони луѓе.
Ривс вети дека неговиот Бетмен ќе биде многу помрачна и од претходните верзии.
Тоа може да се забележи и во трејлерот, а очигледно дека овој Мрачен Витез ќе ги има најдобрите сцени за борба, судејќи според трејлерот: