Пјаниќ со последната објава на социјалните мрежи предизвика бура реакции: Дали ова е доказ дека тој…

Дерби

29/05/2020

10:30

657

Големина на фонт

а а а

Името на Миралем Пјаниќ во последниов период често се поврзува со трансфер во редовите на Барселона.

Не е тајна дека „каталонците“ сакаат да го ангажираат искусниот играч од средниот ред, но јасно е дека барем засега се уште не можат да најдат заеднички јазик со Јувентус за тоа кој фудбалер да им го испратат во замена за Босанецот.

Прво се најавуваше дека во Торино ќе се пресели Артур, па потоа Нелсон Семедо, за на крај да се пишува дека Јувентус го сака Ансу Фати.

Барем засега нема ништо од ваквите шпекулации, а според медиумите во Шпанија и Италија работите се уште се на „статус кво“.

Откако вчера дојде потврда дека сезоната во Италија ќе продолжи на 20 јуни, Миралем Пјаниќ веднаш со коментар се огласи на социјалните мрежи.

– А сега, да победиме заедно. Форца Јуве, - напиша кратко фудбалерот од средниот ред на „старата дама“.

Неговиот потег многумина го окарактеризираа како сигурна потврда дека тој ќе остане во италијанскиот клуб и дека нема да прави трансфер во Барселона ова лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг