Баџо и Матераци го избраа најдобриот играч во историјата

Дерби

14/07/2026

12:48

833

Големина на фонт

а а а

Роберто Баџо и Марко Матераци се двајца големи италијански играчи, играчи кои оставија своја трага како на домашната така и на меѓународната сцена.

Двајцата во повеќе наврати можевме да ги видиме и на актуелното Светско првенство, а кога има вакви настани секогаш актуелни се „GOAT“ дебатите, дискусиите за тоа кој/кои се најдобрите фудбалери на сите времиња.

Навистина е тешко да се одбере, да се даде заклучок затоа што секое време, секоја ера си е посебна, но Баџо и Матераци има можност да бираат и се разликуваат во своите ставови.

- Многу е тешко; дури е грдо да се рангира, бидејќи зборуваме за апсолутната суштина на фудбалот. Овие тројца беа над другите (Пеле, Меси и Марадона). Од денешна перспектива, би го избрал Меси за она што го прави веќе 20 години, во однос на квалитетот и квантитетот. Ако треба да изберам еден, ќе го кажам неговото име, но зборуваме за тројца неверојатни играчи, - истакна Баџо.

Матераци пак го избра Бразилецот Роналдо.

- Секогаш го велам ова, за мене, тоа е тој [Роналдо]. Бидејќи она што го направи без две колена, „возејќи“150 км/ч, никој не го направил. Јас сум бумер, но кога гледам YouTube и гледам што правеше порано, во време кога дефанзивците удираа силно, се чувствувате како Марсовец, а тој навистина беше Марсовец, - порача Матераци.