Замрзнат во времето – мистерија на градот кој по несреќата жителите го напуштиле ‘‘преку ноќ’’

Точка

26/05/2020

14:07

5.287

Големина на фонт

а а а

Во напуштениот град и понатаму стои најсеверната Ленинова биста на светот која што повремено ја обиколуваат поларните мечки и туристите кои што со свои очи сакаат да видат како изгледал градот кој што своето име го добил по планините во облик на пирамида.

Кој ќе го посети советскиот град Пирамиден, ќе помисли дека жителите на тоа несекојдневно рударско место на островот Шпицберген, брзале за да ги напуштат своите домови.

Исушени растенија на прозорците, ноти на клавирот... Како да чекаат некој да ги пролиста, се само некои од сцените кои предизвикуваат чудење кај посетителите.

Алат и опрема кои рударите секојдневно ги користеле и понатаму стојат таму каде што ги оставиле. Сцената која што ги дочекала првите посетители на овој град, по 1998-та година, ги навела да помислат дека сите жители едноставно под притисок престанале да се занимаваат со сето тоа што дотогаш го правеле и побегнале од градот.


Во Пирамиден, кој и понатаму стои како ништо да не се случило, помеѓу Норвешка и Северниот пол, може да се стигне со брод, тогаш само кога водата и мразот го дозволуваат тоа.

Напуштениот град е враќање во времето кога советската култура и архитектура биле на нивниот врв. Големи згради и кипови и понатаму го издаваат духот на некогашната СССР.

Приказната за импресивното воздигнување и мистериозниот пад на овој град започнува кога таму бил откриен рударскиот потенцијал Свалбард.

Во 1936-та година Советскиот сојуз стекнал право на користење на рудите во Пирамиден и соседниот Барентсбург, со кои управувала државната организација за произведување јаглен „Trust Arktikugol“.


На почетокот овој град бил успешно и убаво место за живеење, но по Втората светска војна Советскиот сојуз почнал да гради нови згради, вклучувајќи и болница, рекреативен центар, Културна палата со огромен мозаик...

Сите градби се во типичен советски стил, со заоблени рабови за да се почувствува остриот зимски ветер.

Во 80-те години на минатиот век, таму живееле над 100 илјади луѓе. Жителите биле распоредени во различни делови од градот, па дури имале и прекари: во „Лондон“ живееле мажите кои што биле осамени, а во „Париз“ немажените жени...


Рудниците во градот никогаш не дале голем профит. Кога Советскиот сојуз се распаднал, субвенциите станале многу скромни, а стандардот низок.

Завршниот удар се случил во 1996-та година кога се случила трагедија. На тамошната плажа се срушил авион од Москва со 141 патник – сите починале.

По несреќата, многумина од семејствата на починатите поднеле тужби против компанијата, а моралот на градот Пирамиден го достигнал дното. Несреќата довела до голема депресија, а набрзо потоа организацијата разгледувала да го затвори градот.


Во 1998-та година од рудникот бил изваден последниот јаглен, а околу 300 работници кои што сè уште живееле таму, воглавно мажи, започнале да си одат со чамци и хеликоптери.

Жителите на Пирамиден отсекогаш знаеле дека нема цел живот да го поминат таму, некои од нив имале двегодишен договор, а на некои остатокот од семејствата им бил во Русија.

Во ноември, непосредно пред големата зима од градот си заминале и последните негови жители. Работите кои што ги носеле и создавале веќе 50 години невозможно било да ги земат со себе, поради тоа некои од нив се сè уште таму, а благодарение на студената клима тие се сè уште сочувани – посетителите и денес одат таму да го видат градот кој што е заробен во времето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг