Чоколаден леб со урми и без шеќер: Нов хит на социјалните мрежи кој се подготвува за само 30 минути

Точка

19/03/2026

22:30

169

Големина на фонт

а а а

Овој чоколаден леб со урми, кој се подготвува брзо и без додаден шеќер, се пече само 30 минути.

Во последните години банана-лебот практично ги освои социјалните мрежи. Едноставен е за подготовка, не бара многу состојки и речиси нема човек што барем еднаш не го направил дома.

Меѓутоа, сега се појави нов фаворит кој многумина веќе го нарекуваат новиот банана-леб.

Чоколадниот леб природната сладост ја добива од урмите, а за негова подготовка се потребни само неколку основни состојки.

Потребни состојки:

- 15 урми
- 250 мл. млеко
- 150 гр. брашно
- 3 лажички какао
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 2 јајца


Подготовка:

Исчистете ги урмите од семките, па заедно со млекото ставете ги во сад и оставете ги околу 20 минути да омекнат. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.

Омекнатите урми заедно со млекото изблендирајте ги додека не добиете мазна смеса. Потоа префрлете ја во сад и додадете брашно, какао, прашок за печиво, сода бикарбона и јајца, па сè добро измешајте додека состојките не се соединат.

Добиената смеса истурете ја во тава обложена со хартија за печење. Колачот печете го во рерна 30 до 35 минути, а кога ќе биде готов оставете го околу десет минути да се излади пред да го исечете и послужите.