Доктор Дејан Чубрило: „Ако го јадете ова, вашиот црн дроб е полн со отрови, а по 30-та година треба да заборавите на една намирница

Точка

15/03/2026

11:00

1.204

Големина на фонт

а а а

Доктор Дејан Чубрило говорел за начините на кои организмот може најефикасно да се исчисти од наталожените токсини, истакнувајќи и кои намирници треба да се ограничат или целосно да се исфрлат од исхраната, особено по триесеттата година, кога метаболизмот природно се забавува, а телото станува почувствително на лоши навики во исхраната.

„Ако имате масен црн дроб, а речиси сите го имаме, повеќе или помалку, автоматски имате покачено ниво на инсулин. Тоа е хормон што го произведува панкреасот за да го регулира шеќерот и варењето. Ако инсулинот се зголемува во текот на денот повеќе или помалку, тој апсолутно ќе создава масти во црниот дроб. Тоа му е работата“, рекол доктор Чубрило и објаснил:


„Холестеролот не се добива од храната. Ако секој ден јадете ќебапи, плескавици, големи порции, практично ќе направите нарушување на варењето и интоксикација од тоа. Но покаченото ниво на инсулин ќе биде тоа што во фабриката за производство на холестерол – црниот дроб, каде што тој се произведува, ќе го стимулира производството на холестерол. Кој има покачен холестерол, има и покачен инсулин, и обратно. Кој го контролира инсулинот, го контролира и холестеролот“, тврди д-р Чубрило.

Кога високите нивоа на холестерол се проблематични?

„Лошиот холестерол е парадоксален, тој во себе има помалку холестерол отколку добриот холестерол. Лошиот холестерол има задача да пренесува материјал за производство на хормони, и соодветно на тоа, тој не е лош“, објаснил докторот.

Лошиот холестерол станува штетен кога „‘рѓосува’“, односно кога не може да ја изврши задачата на пренос на материјал за производство на хормони. „Тој оксидиран холестерол ќе се залепи некаде и ќе го претставува почетокот на развојот на атеросклероза“, рекол д-р Чубрило.

„Само оксидативниот холестерол е лош“, тврди тој.


Загрижувачка граница на холестеролот

„Секој холестерол што е 6 или 6,5 не го толкувам како трагедија или нешто толку лошо. Тогаш заклучувам дека се произведува премногу, односно дека нешто го стимулира (инсулин), дека не се излачува правилно преку жолчката или дека е ‘рѓосан’. Тогаш им препорачувам на пациентите антиоксиданси и да воведат што повеќе здрави намирници, овошје и зеленчук во исхраната.“

„Втора работа е контрола на инсулинот. Не јадеме шеќер или внимаваме колку го јадеме; не го оптоваруваме панкреасот. Што се однесува до мастите, д-р Чубрило препорачува да ставите помалку од кафена лажичка, само за да замириса храната. Трета работа е контрола на елиминацијата; да ги прочистиме жолчните канали, за жолчката подобро да се излачи во цревата – со растителни средства. Лимонада со малку ѓумбир – лимон кој го стимулира каналот, ѓумбир кој го релаксира, и така излегува надвор.“


„Ако имате организам што е интоксикиран, црниот дроб повеќе не може да се бори, полн е со токсини. Зошто да му давате задача да обработува масти? Оставете го да се опорави, дајте му минимални количини. Јадете месо без масло, подготвено во вода, ставете многу зеленчук во садот и направете оброк без масло, за да ручате без да се интоксикирате. Јајца исфрламе, млеко исто така“, објаснува докторот.

„Сите над 30 години не би требало да пијат млеко, тоа е нешто многу тешко за нас. Млечните производи се многу тешки за варење“, заклучил тој.