#Седидома концерти и настапи кои не треба да ги пропуштите овој викенд

Точка

19/04/2020

10:47

4.181

Големина на фонт

а а а

Доколку сте вљубеник во добрата музика и во овој период на самоизолација ви недостасуваат концерти и музички настапи, имаме предлог за вас – донесете ја забавата во вашиот дом!

Бројни светски ѕвезди се свртеа кон виртуелните и интерактивни настапи со кои ги забавуваат своите фанови, а доколку сакате да се забавувате овој викенд, тогаш не пропуштајте ги следните настани: 

Во соработка со СЗО и организацијата „Global Citizen“, Лејди Гага организира онлајн концерт „One World: Together At Home”, закажан за денеска, сабота, со почеток од 20 часот.

Гага на едно место ќе собере голем број артисти како Аланис Морисет, Андреа Бочели, Били Ајлиш, Џенифер Лопез, Сем Смит, Рита Ора, Крис Мартин, Џон Леџенд, Лизо, Стиви Вондер итн. Ќе ги видиме и Дејвид Бекам, Еди Ведер, Елтон Џон, Кери Вашингтон, Малума, како и Пол Макартни, Пријанка Чопра и многу други, а настанот ќе го води фантастична тројка: Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колбер.


„One World: Together At Home” можете да го проследите на следниот ЛИНК.

Глобалната сензација Дејвид Гета, оваа сабота со почеток од 12 часот по полноќ, од удобноста на својот апартман ќе настапи за публиката собрана на прозорците и балконите во Мајами. Фановите ширум светот ќе имаат прилика да учествуваат во овој интерактивен настап преку видео вклучување и пораки. 

Забавувајте се со Дејвид Гета на следниот ЛИНК.

Припремете се за “Coronight Fever” – диџеите Дипло, Дилон Францис и ДорДеш ќе ги здружат силите во заеднички диџеј сет, во недела со почеток од 5 часот наутро. Целта на сетот е собирање средства за донација на оброци на оние кои им се најпотребни преку организацијата “Feeding America”. 

Проследете го сетот “Coronight Fever” на официјалниот Јутјуб канал на Дипло.


Ерика Баду ја повлекува завесата помеѓу неа и нејзините фанови со интерактивен виртуелен концерт наречен “Quarantine Concert Series: The Apocalypse” кој ќе го пренесува од нејзината спална соба. Картите за онлајн концертот изнесуваат 3 долари, а истиот ќе се пренесува во недела во 2 часот по полноќ. 

Настапот на Ерика Баду можете да го проследите преку нејзиниот официјален вебсајт.

Понеделник е резервиран за реге иконата на модерното доба, Зиги Марли, во кој фановите ќе имаат можност да уживаат преку специјалниот “EXIT TV” програм. Неговиот настап од 2018 година на “Exit” ќе биде пренесуван со почеток од 20:20 часот.

Настапот на Зиги Марли ќе биде пренесуван во живо на официјалниот Фејсбук профил на “Exit Festival”.


За љубителите на хеви металот, бендот “Металика” започна со “Metallica Mondays”, серија од преноси во живо од нивните минати концерти, со цел да ги забавуваат фановите кои се во самоизолација. Преносот можете да го гледате секој понеделник на нивниот Јутјуб канал. 

“Metallica Mondays”, секој понеделник на официјалниот Јутјуб канал на бендот.