Светскиот тенисер број еден Јаник Синер ги здружи силите со прославениот италијански тенор Андреа Бочели за емотивната музичка соработка насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава). Нивниот заеднички сингл беше објавен на Инстаграм и Јутјуб.
Во промотивното видео се појавуваат архивски снимки од нивното детство и понови снимки, на кои дуото се појавува во домот на Бочели во срцето на Тоскана, каде што заедно стојат покрај пијано, со тениски рекети во рацете.
„Вредностите ги зближуваат луѓето“
„Овој дует е толку смел скок што ја разгоре нашата страст, родена од заедничка и непоколеблива желба да го изразиме нашето длабоко верување дека ништо не е невозможно. Вредностите ги зближуваат луѓето и ги надминуваат сите пречки…
И еве нè, заедно, со мал подарок: песна што ја слави посветеноста, автентичноста, љубовта кон животот и важноста (и непроценливата убавина) на самото патување, кое често е побогато и потрогателно од која било дестинација“, напишаа тенисерот и музичарот во заедничката објава.
Инаку Синер го рецитира својот дел во песната, додека Бочели е во полн сјај. „Никогаш не замислував дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни“, рече тенисерот.