Испиен и уморен: Новите фотографии од пејачот ги кршат срцата на фановите

Точка

24/01/2020

19:38

6.152

Големина на фонт

а а а

25-годишната музичка ѕвезда Џастин Бибер неодамна призна дека боледува од лајмска болест, а веќе подолг период е подложена на лекување.

Папараците неодамна го фотографирале канадскиот пејач, а повеќе од очигледно е дека Бибер е исцрпен и без ведрата енергија по која е препознатлив. 


Џастин е одлучен да победи во оваа борба, а пред неколку дена тој ѝ се заблагодарил на докторката за сè што прави за него.

“Ѝ благодарам на д-р Кристи Кид за помошта околу мојата кожа. Ми помага многу околу тоа како се чувствувам”, напишал пејачот под фотографијата на Инстаграм.

Веста дека води борба со лајмската болест, Бибер ја објавил на Инстаграм, наведувајќи дека таа ја загрозила неговата кожа, мозочните функции и општо, здравјето.

“И додека многу луѓе зборуваат дека Бибер изгледа пропаднато, не се свесни дека неодамна ми беше дијагностицирана лајмска болест. И не само тоа, тоа се одрази и на мојот вид, на мојата кожа, мозочните функции, енергијата и целокупното здравје. Овие работи ќе бидат објаснети во документарецот кој наскоро ќе го објавам на Јутјуб. Ќе имате можност да дознаете со што сè се соочував и борев. Беа тешки неколку години, но со соодветната терапија која ќе ми помогне да ја победам болеста ќе се вратам подобар од претходно”, напишал 25-годишниот Џастин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг