Прегревање на лаптопот: Исчистете го вашиот лаптоп навреме

Точка

29/05/2019

15:00

3.606

Големина на фонт

а а а

Не дозволувајте вашиот лаптоп да се прегрее и да се расипе.

Како топлината влијае на работата на лаптопот и зошто е потребно лаптопот да се чисти еднаш годишно?

Системот за ладење во лаптопот е составен од две компоненти: пасивен ладилник- „heat sink“ и активен кулер или вентилатор. Тоа се две работи без кои лаптопот не може да работи. После одредено време на самиот „heat sink“ - во ладилникот се собира прашина и кулерот односно вентилаторот не е во можност да го излади ладилникот кој се загрева од процесорот и графичките плочи на лаптопот. На почетокот тоа не се забележува но со текот на времето доаѓа до почесто вклучување на вентилаторот- кулерот, и се поголемо загревање во внатрешноста на лаптопот. Помеѓу самиот „heat sink“ и процесорот се наоѓа специјална термичка паста со голема температурна спроводливост, додека пак помеѓу графичките плочи и „heat sink“- от се наоѓа специјална термичка гума со голема температурна спроводливост за да се оствари контакт помеѓу чипот и „heat sink“-от. „Heat sink“- от е направен од бакар кој е најдобар проводник на температура. Тој најчесто се прави во облик на цевки кои се исполнети со фреон. Овој начин на ладење на лаптопот се применува во сите брендови на лаптопи: „Apple“, „Toshiba“, „MSI“, „Lenovo“, „Asus“, „Acer“, „Samsung“ и други брендови на лаптопи.


Какви се последиците од прегревање на лаптопот? 

Лаптопот се гаси после одредено време на користење. Лаптопот го вклучува светлото, но на екранот нема слика. Најлошата работа е лаптопот да биде “мртов“ и да не може да се вклучи.

Кoja е процедурата лаптопот да се исчисти од прашина? 

За чистење на лаптопот потребно е да имате одреден алат за отворање на лаптопот и потребно е целиот да го отворите за да дојдете до деловиет каде што се наоѓа процесорот, графичката плоча и ладилникот на лаптопот. Со анистатик четка или компресиран воздух треба да ја исчистете целата прашина од матичната плоча и нејзините останати делови. Целиот систем за ладење заедно со „heat sink“ и кулерот треба да се исчистат со четка и компресиран воздух.


Најважниот дел е да се исчисти „heat sink“ од термичката паста која се наоѓа на него, а термичката паста и термичката гума која е на делот каде што се наоѓа графичката плоча да се заменат со нови со иста температурна проводливост.

Напомена: производителите на лаптопи користат најдобра термичка паста и најдобри термички гуми со голема температурна спроводливост која е 11.2 W/m-℃, а единствената термичка паста на светот која ги задоволува критериумите на Prolimatech PK1.

Внимание: Замената на термичките пасти и термичките гуми со послаба температурна проводливост од просечната ќе направат вашиот лаптоп после чистењето да прегрева уште повеќе од претходно, па треба да се обрати внимание на квалитетот на термичките пасти и термичките гуми кои сервисите ги ставаат во лаптопите . Затоа ве советуваме тоа да го правите само во авторизирани сервиси кои се специјализирани за поправка на лаптопи.