Интернетот го исмева „Facebook“ по падот: Овие објави станаа вистински хит

Точка

12/06/2026

19:31

471

Големина на фонт

а а а

Корисниците главно се шегуваа на сметка на тоа како сите, само неколку секунди по прекинот на работата на „Facebook“, се префрлаат на други платформи за да проверат дали проблемот е само кај нив или мрежата паднала на глобално ниво.

Денешниот пад на „Facebook“ предизвика проблеми кај корисниците ширум светот, но истовремено донесе и вистински бран од шеги на социјалните мрежи. Додека многумина не можеа да пристапат до своите профили, да вчитуваат содржина или да го користат „Messenger“, интернетот беше преплавен со мемиња и духовити видеа кои се потсмеваа на уште еден голем прекин на сервисите на „Meta“.

Корисниците најмногу се шегуваа со сценариото кое веќе стана класика – по само неколку секунди без „Facebook“, сите масовно се префрлаат на други платформи за да проверат дали проблемот е кај нивниот профил или станува збор за глобален пад на мрежата.

Голем број мемиња ја прикажуваат и „миграцијата“ на корисниците кон „X“, веднаш штом „Facebook“ престане да функционира.

Да потсетиме, во текот на денот проблемите ги погодија „Facebook“, „Messenger“, а дел од корисниците пријавија потешкотии и при користењето на „Instagram“.

Според последните информации, услугите постепено се враќаат во нормала, но платформата „Downdetector“ и понатаму бележи голем број пријави од корисници кои се соочуваат со проблеми при користењето на сервисите.

Падот на платформите повторно ја отвори дебатата за тоа колку милиони луѓе секојдневно зависат од услугите на „Meta“, но и покажа дека интернетот секогаш знае да најде причина за шега – дури и кога најголемите социјални мрежи привремено престануваат да работат.