Робувањето на вашиот физички изглед може да ве донесе до опсесија и до други пореметувања. Нормално е додека го гледате вашиот одраз во огледалото да ги забележите вашите недостатоци.
Меѓутоа, кога нашиот физички изглед ќе ни стане опсесија која го загрозува нашето здравје време е да си го ставиме прстот на чело и да го промениме погледот кон себе.
Живееме во општество и свет каде што нашиот имиџ и физички изглед ја дефинираат нашата личност. Ни за момент не застануваме и не си кажуваме дека убавината е релативна работа, туку стануваме објекти на естетските норми кои на јавноста им се наметнати преку модата и на тој начин сите изгледаме идентично, како да сме ставени во еден ист калап.
Сè повеќе луѓе му робуваат на својот изглед, што на крајот може да резултира со опсесија и различни пореметувања во исхраната, како на пример анорексија, булимија и емотивно пореметување, како што е синдромот на икривено огледало.
Синдромот искривено огледало се состои од тоа што ние имаме искривена слика за себе, во негативна смисла - бараме и пронаоѓаме маани и недостатоци кои всушност не постојат или пак ги преувеличуваме мааните кои ги имаме.
Се работи за емоционално пореметување за кое треба да бидеме свесни, заради можните пореметувања кое ги носи со себе. Често се поврзува со пореметувањата како што се анорексијата и булимијата.
Реалната слика и онаа која што ја имаме за себе не се исти, што резултира со несигурност и незадоволство на сопственото тело, затоа што тоа не ги исполнува нормите кои ни ги наметнува нашето друштво.
Личноста која пати од овој синдром не може да ги согледа работите објективно и нејзината потреба да го подобри својот изглед оди до екстреми и во голема мера зависи од другите.
Како да се борите со овој синдром?
Треба да се биде многу внимателен уште со првите показатели на ова пореметување, затоа што тоа води до депресија, социофобија, а може да биде и причина за замоубиство.
Заради сите тие причини потребна е психолошка помош. Хуморот може да биде одличен начин да се прифатиме себеси онакви какви што сме и да се засакаме. Ниту можеме да го достигнеме естетското совршенство, ниту пак за тоа има некаква потреба, затоа што токму недостатоците се дел од нашиот шарм. Доколку секојпат кога се гледате во огледало си кажувате самите на себе колку сте убави тогаш ќе дојдете до тоа кога и другите ќе ви кажуваат дека сте такви.
Пет реченици кои треба да ги запомнете:
1. Најдобриот начин да бидете среќни со некој е да научите прво да бидете среќни самите со себе. Друштвото е работа на избор, а не потреба.
2. Да се сакате самите себе значи да разберете дека не мора да бидете совршени за да бидете величенствени.
3. Ни на шега не кажувајте дека нешто не можете затоа што подсвеста не знае за хумор.
4. Сите овие години сте се критикувале самите себе и не ви одело во животот. Сега обидете се да се охрабрите самите себе.
5. Да се сакате самите себе значи да се прифатите и да се фалите себе, да бидете сигурни во сопствените способности, да го сакате своето тело и да се гордеете со сопствената убавина, посебно со внатрешната.