Проговорела ќерката на славниот рапер: “Тој е монструм”

Точка

11/01/2019

20:51

4.653

Големина на фонт

а а а

Откако се појави новата документарна серија за славниот американски рапер “Surviving R. Kelly”, за односот со својот татко проговорела и неговата ќерка.

Буку Аби (чие вистинско име е Џоан Кели), на Инстаграм објаснила зошто досега не проговорела во јавноста. Таа напишала дека не зборувала за својот татко поради својот мир и емоционалната состојба. Вели дека сето тоа влијаело на неа и сѐ уште ѝ е тешко да го испроцесира она што се случувало. 

Но, Аби открила и дека воопшто не комуницира со Ар Кели.

“Поминаа многу години откако моите браќа и јас зборувавме со него или го видовме”, вели таа и додава дека ниту нејзината мајка не комуницира со него.

“Чудовиштето со кое сега ме соочувате е мојот татко. Сосема сум свесна кој е и што е тој. Пораснав во неговата куќа”.

Кели веќе со години негира дека направил нешто, и покрај бројните обвиненија од жени кои споделиле шокантни приказни за неговото однесување, пишува “Page Six”.

Во музичката индустрија, бројни ѕвезди веќе започнаа да се дистанцираат од Ар Кели, а некои како Лејди Гага и отворено го критикуваат.

Од друга страна, по излегувањето на документарецот, неговите музички сервиси бележат двојно поголема посетеност. Кели е под истрага и во Џорџија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг