„Потребна ѝ е жешка позната личност со пари“: Познатата манекенка бара ново момче

Точка

26/04/2024

15:49

4.866

Големина на фонт

а а а

Извори тврдат дека Ирина Шајк е во потрага по ново момче откако пропадна нејзината врска со НФЛ играчот, Том Брејди.

„Таа е во „шопинг“ за маж, но групата луѓе со кои излегува е мала. Потребна ѝ е позната личност која изгледа добро и има пари. Колку такви постојат? Пет, десет?“, изјавил извор за „Page Six“. Руската убавица наводно е во потрага по идеален маж во Европа и САД. Изворот како една од можностите го споменал од неодамна слободниот Том Круз. Имено, познатиот актер неодамна раскинал со Русинката Елсина Каирова.


Шајк наводно ќе се појави на „Met Gala“, т.н. Модни Оскари, организирани од „Vogue“ и „Metropolitan Museum of Art’s Costume Institute“ првиот понеделник во мај.

Руската манекенка и Том Брејди првпат биле забележани заедно во август, а се запознале на свадба во Италија во јуни.


Последен пат заедно биле видени во средината на јануари во Њујорк. Во септември, „Page Six“ пишувал дека и двајцата излегуваат со други луѓе, а на крајот на октомври било откриено дека нивната врска е во криза. Сепак, Брејди и Шајк биле забележани во декември за време на „Art Basel Miami Beach“.

Пред него, Шајк била во долга врска со актерот Бредли Купер, со кој има четиригодишна ќерка.


Купер моментално е во врска со моделот Џиџи Хадид.




Спонзорирани линкови

Маркетинг