[ВИДЕО] „Ја уби а не си во затвор“ – Жена му пришла на Алек Болдвин во кафуле и се случил инцидент: Реакцијата на актерот ги оставила во неверување присутните

Точка

23/04/2024

17:09

10.290

Големина на фонт

а а а

Шокантна снимка се појавила на мрежата „X“. Сè се случило во кафуле каде на актерот Алек Болдвин му пришла жена која ги застапува пропалестинските ставови. Се случила ужасно сериозна и непријатна ситуација која кулминирала.

Погледнете како реагирала холивудската ѕвезда и како се одвивал инцидентот.

На снимката направена во некое кафуле, додека Болдвин плаќа за својата нарачка и го држи мобилниот телефон на увото, жената со својот телефон го снима и неколкупати настојчиво бара од него да каже „Слобода за Палестина“ и да го опцуе Израел и ционизмот. Кога активистката сфаќа дека глумецот ја игнорира, таа ја менува темата. Следното прашање е: „Зошто ја уби таа жена? Ја уби жената и не доби затворска казна? Нема затвор, Алек!“

Таа не се откажувала: „Слобода за Палестина, само еднаш Алек и ќе те оставам на мир. Ќе те оставам на мир, се колнам. Само кажи еднаш: ’Слободна Палестина‘“.

Видно изнервиран Болдвин им рекол на вработените да ја исфрлат жената од кафулето. Тој го напуштил барот и ја замолил да излезе. „Знаеш дека е криминалец“, му се обратила таа на вработениот во локалот, а потоа повторно на актерот: „Ајде, Алек, само еднаш кажи ’Ослободете ја Палестина‘, те молам … и ќе те оставам на мир. Ослободете ја Палестина. Е*ен ционизам. Те молам, кажи го тоа. Еднаш.


Болдвин на крајот ѝ се обратил: „Можеш ли да ми направиш една брза услуга?“, и ѝ го одзел телефонот од раце фрлајќи го.

Шокантната реакција на актерот е вирална на социјалните мрежи. Шокантно е и вознемирувањето кое го доживеал, но можел да реагира на милион други начини. Требало.




Спонзорирани линкови

Маркетинг