Лејди Гага бара бришење на дуетот со Ар Кели откако е обвинет за сексуално насилство

Точка

10/01/2019

20:05

2.073

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага ѝ се извини на јавноста поради соработката со аренби ѕвездата Ар Кели и побарала нивниот дует “Do What You Want” да се избрише од сите музички сервиси откако тој е обвинет за сексуално злоставување.

Имено, во неодамнешниот документарец за сексуалното вознемирување на жени и девојчиња во изминатата деценија, на мета на критики се најде и Ар Кели кој е обвинет од страна на неколку жени за злоставување. 

Гага, овие приказни ги опишала како ужасни, додавајќи дека цврсто стои зад сите жени кои биле жртви на сексуални престапници. Сепак, Кели ги отфрлил ваквите обвиненија а неговиот адвокат изјавил дека во прикажаниот документарец се изнесени невистини.

Популарната пејачка и актерка во изминатиот период била под притисок од јавноста бидејќи не сакала да ги коментира приказните за пејачот. 

“Им верувам на тие жени за кои знам дека страдале, но и пронашле сила да ги пуштат своите гласови кои мора да се слушнат и сфатат сериозно. Како жртва на сексуален напад, направив песна и видео во најтемниот период од својот живот. Мојата намера беше да креирам нешто потполно поинакво и провокативно бидејќи бев лута и сѐ уште не ја сфаќав траумата која ја преживував. Таа песна се нарекува “Do What You Want” и мислам дека е и повеќе од јасно колку моето размислување беше експлицитно лудо во тој период. Кога би можела да го вратам времето, би побарала помош за да сфатам во каква посттрауматска состојба сум се наоѓала. Жал ми е што не проговорив порано за ова”, изјавила Лејди Гага.

За потсетување, песната “Do What You Want” е објавена во 2013 година, а текстот на песната зборува за искористување на женското тело.

Лејди Гага и Ар Кели ја изведоа оваа песна на доделувањето на музичките награди “American Music Awards” со провокативен сценски настап.



Спонзорирани линкови

Маркетинг