Сонувате да возите Ламборџини? Потребни ви се само 17 илјади евра...

Точка

12/09/2018

16:41

3.508

Големина на фонт

а а а

Фразата „подобро прв во село, отколку последен во град“, поради италијански Ламборџини сега добива едно сосема ново значење.

За жал, не станува збор за некој од суперавтомобилите на италијанската компанија, но барем станува збор за нивниот култен трактор “2R”. Пред да стане еден од синонимите за моќни спортски машини достапни само за ограничен број на луѓе, Ламборџини била компанија најпозната по производство на трактори.

Ламборџини беше на чело на индустриското опоравување на пост-воена Италија во текот на 40-тите години од минатиот век, користејќи компоненти на воени возила и британски камиони за производство на земјоделски машини.


Во 1948-ма година била основана компанијата “Lamborghini Trattori” која што за брзо време пораснала и набрзо во компанијата произведувале и до 200 трактори годишно. Набрзо од Ламброџини моторите од воените возила ги замениле со сопствени агрегати.

Со подемот на Европската унија, заедничкиот европски пазар и промената на внатрешната италијанска индустриска политика, Ламборџини започнале да увезуваат странски компоненти од повисок квалитет кои што дополнително го зголемиле квалитетот на производите, а сето тоа резултирало со зголемено производство.


Еден од главните адути на Ламборџини бил токму тракторот “2R” кој што е опремен со трицилиндарски дизел мотор, има погон на сите четири тркала и 39 коњски сили. Опремен е со четирибрзински менувач и овој трактор претставувал вистинско чудо на индустријата.

Реставрираниот примерок кој што ја добил ретро комбинацијата на сина и портокалова боја го има оригиналниот италијански регистрациски лист и број на шасија, има поминато помалку од 6,500 километри од 1962-ра година кога бил произведен и се продава по цена од 17 илјади евра.