Роналдо го „поздрави“ Дортмунд на својот јубилеј, Ливерпул повторно не го освои целиот плен

Дерби

27/09/2017

00:01

1.151

Големина на фонт

а а а

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите екипата на Реал Мадрид славеше над Борусија Дортмунд со 3-1 во дерби натпреварот од вечерашната понуда во најелитното натпреварување.

Шпанскиот великан дојде до првата победа во Дортмунд во меч во кој одново се издвои Кристијано Роналдо. Португалецот во својот 400 јубилеен натпревар во дресот на „кралевите“ постигна два голови во 50 и 79 минута со што ја продолжи добрата традиција кога се во прашање составите од Бундеслигата.

Во листата на стрелци се запиша и Бејл, а пак за Борусија погоди Обамејанг.



Групата Х ни ја донесе и средбата АПОЕЛ-Тотенхема на која премиерлигашот славеше со 3-0 со хет-трикот на Хари Кејн. Сега Реал и Тотенхем имаат по шест бода, Дортмунд и Апоел се без поени.


Иако важеше за фаворит, Ливерпул не победи во Русија кај Спартак Москва. Најзначајните моменти се случија во првиот дел, Фернандо со прекрасен погодок од слободен донесе радост за Спартак за да потоа израмни Кутињо и го постави конечниот резултат. Ова за „црвените“ како и за русите беше второ реми во групата Е во која Севилја очекувано го надигра Марибор (3-0).


Резултати:

Група Е : Севилја-Марибор 3-0 , Спартак М-Ливерпул 1-1 

Група Ф : Манчестер Сити-Шахтјор 2-0, Наполи-Феенорд 3-1

Група Г : Монако-Порто 0-3, Бешикташ-Лајпциг 2-0

Група Х: АПОЕЛ-Тотенхем 0-3, Борусија Д-Реал М 1-3