Арсенал сака да ангажира германски фудбалер кој ќе биде слободен агент

Дерби

11/03/2026

16:01

208

Големина на фонт

а а а

Екипата на Арсенал сезонава е на добар пат да го прекине постот и да стигне до нова титула во Премиер лигата, а менаџментот веќе размислува и за потенцијалните трансфери во следниот преоден рок.

Англиските медиуми пренесуваат дека „топчиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Јулијан Брандт и покажале интерес за ангажирање на германскиот фудбалер.

Ова откако Брандт и Борусија Дортмунд потврдија дека нема да ја продолжат соработката по крајот на сезоната, односно офанзивниот фудбалер ќе замине како слободен агент.

Брандт дојде во Борусија од германскиот ривал Баер Леверкузен во 2019 година, а оттогаш забележа 298 настапи и постигна 59 голови за составот од Дортмунд.

Желбата на фудбалерот е да се испроба во друго првенство, а се чини дека премиерлигашите, вклучувајќи го Арсенал, ќе имаат предност поради финансиските услови, но и проектот кој можат да му го понудат на фудбалерот.