Кимих фрапиран од случувањата во Бергамо: Не сум видел вакво нешто на резултат 6:1

Дерби

11/03/2026

13:27

507

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен ја размонтира Аталанта во Бергамо и практично си обезбеди влез во четвртфиналето во Лигата на шампиони, бидејќи само неверојатно фудбалско чудо може да направи италијанскиот тим на надокнади негатива од 6:1 во Германија.

Баварската машина беше добро подмачкана во Италија и безмилосно го полнеше голот на Аталанта, но во самата завршница сепак прими и еден гол за мала утеха меѓу навивачите на домашниот тим.

Дури и во такви тешки услови, тифозите на Аталанта покажаа лојаност и им оддадоа признание на своите фудбалери, а ваквите сцени го трогнаа Џошуа Кимих кој им симна капа на противничките навивачи.

– Имавме многу силни перформанси од самиот старт, а со исклучок на голот кој го примивме на крајот, ова беше совршен натпревар. Потребни ни беа пет минути за да влеземе во мечот, а после тоа сфативме дека можеме да им нанесеме голема штета.

– Беше забавно да се игра со офанзивен тим како Аталанта, исто така беше забавно да се игра пред ваква публика. Знаевме каква атмосфера може да очекуваме и да бидам искрен, никогаш не сум искусил нешто слично на резултат 6:1. Никогаш не сум видел противничките фанови сè уште да го бодрат својот тим после таков пораз. Тоа беше извонредно, тоа говори многу за навивачите и навивачката култура во Бергамо, – изјави Кимих.