Атлетико Мадрид максимално профитираше од големите грешки на Антонин Кински и го совлада Тотенхем со убедливи 5:2, со што дефинитивно е на чекор до ново четвртфинале во Лигата на шампионите.
Шпанскиот тим ќе треба да ја одбрани предноста и на реваншот, но секое друго сценарио освен четвртфинале за Атлетико би значело историски подвиг на екипата која се наоѓа во многу тешка ситуација и најмногу размислува за опстанокот во Премиер лигата.
Случувањата со голманот Кински и неговата замена уште во првиот дел и натаму одекнуваат низ европската фудбалска јавност, а противничкиот тренер признал дека првпат во кариерата гледа ваква ситуација. Диего Симеоне бил прашан за потегот на Тудор и имал краток коментар.
– Не сум видел вакво нешто во професионалниот фудбал.
– Но, тоа не е мој проблем, туку проблем на Тотенхем. Тоа е проблем на нивниот тренер и голман, ние сме фокусирани на нас, а не на одлуките на противникот, – рекол Симеоне.








