[ВИДЕО] Етеми намести гол за Сиваспор во Турција

Дерби

12/03/2026

07:23

127

Големина на фонт

а а а

Валон Етеми одигра уште еден квалитетен меч во дресот на Сиваспор, натпревар со конкретен учинок и тоа против Хатајспор во втората турска лига.

Гостите триумфираа со 2-1, а при првиот гол огромна работа заврши токму македонскиот интернационалец. Валон прими топка во казнениот простор на ривалот и потоа го проигра Боке на кого не му беше тешко да ја затресе мрежата.

Ова за Валон беше петта сезонска асистенција, има постигнато и седум погодоци.

Тој го одигра целиот натпревар, додека пак Даниел Аврамовски беше активен до 80 минута.