Шмајхел во одбрана на Кински: Тудор му ја уништи кариерата

Дерби

11/03/2026

15:58

244

Големина на фонт

а а а

Чешкиот голман Антонин Кински никогаш нема да го заборави гостувањето кај Атлетико Мадрид, натпреварот на кој доби шанса да брани на важен натпревар од Лигата на шампионите, но заврши со неславно сценарио.

Двата големи кикса го натераа менаџерот Игор Тудор да го повлече уште во 17. минута од средбата со шпанскиот ривал, па Кински сега е главна тема и кај стручните коментатори, односно поранешните фудбалски ѕвезди.

Питер Шмајхел меѓу првите ја прокоментирал ситуацијата со својот помлад колега и како легендарен голман смета дека потегот на Тудор нанел непроценлива штета на кариерата на неговиот фудбалер.

– Секогаш кога во иднина ќе се спомене неговото име, цела фудбалска јавност ќе се сети на овој момент.

– Менаџерот мораше да му изрази поддршка и да го задржи на голот барем до полувреме. Тудор му ја уништи кариерата и навистина ми е жал за него, – рекол легендарниот дански голман.