Тудор за контроверзната замена на Кински: Никогаш не сум направил вакво нешто

Дерби

11/03/2026

15:57

218

Големина на фонт

а а а

Игор Тудор ги подели навивачите со одлуката да го повлече голманот Антонин Кински рано во првото полувреме, а покрај оние кои што сметаат дека потегот бил некоректен, тука се и фановите кои оценуваат дека двете големи грешки на чешкиот голман биле доволна причина за тој да го напушти теренот.

По убедливиот пораз од Атлетико, хрватскиот стручњак зборувал пред новинарите и истакнал дека и тој самиот се нашол во уникатна ситуација.

– Ова се случува навистина ретко.

– Работам како тренер 15 години и никогаш не сум направил такво нешто.

– Сепак, сметав дека е потребно да го заштитам фудбалерот, но и целиот тим. Кински е одличен голман, но сега е лесно да се каже дека сум погрешил со одлуката да го оставам Викарио на клупа. После натпреварот зборував со Tони, тој е паметно момче и добар голман, но за жал се случи на еден многу важен натпревар да направи две големи грешки, – рекол Тудор.