Мајката на славните манекенки Џиџи и Бела Хадид, Јоланда, исто така некогаш се занимавала со манекенство. Денес има 52 години, но и линија со која може да ја докаже својата кариера.
Јоланда и тоа како ги следи трендовите и активна е на социјалните мрежи. Сепак, најмногу фанови има на Инстаграм, каде објавува провокативни фотографии, како од деновите кога красела насловни страни, така и понови.
Оваа горда мајка на три деца моментално се опоравува од инфекција предизвикана од лајмска болест, и често гостува на емисии по повод оваа тема, за да учествува во кревање на свеста.
Лајмската болест е многу сериозно заболување кое најчесто е предизвикано крлеж или внесување на спирохети во организмот. Во САД последните неколку години е сè повеќе распространета, а лечењето било дополнително отежнато бидејќи бактеријата спирохета има особина на добра мимикрија, а исто така сè повеќе станува имуна на комбинација на антибиотици.
Јоланда отворено зборувала за својата борба со оваа болест, а деталите ги објавила и во својата автобиографска книга. Дијагнозата ѝ била соопштена во 2012. година, а минатата година соопштила дека Бела и нејзиниот помлад син Анвар се исто така заразени.
Но, популарната убавица сè уште не се предала. Живее максимално, ужива во животот, медитира на песочни плажи и се храни здраво. И сигурни сме дека ќе победи во оваа борба.