Бројни инфекции можат да живеат во вашето тело долго време, без симптоми, а потоа да предизвикаат и ненадејна смрт.
Човекот дефинитивно никогаш нема да се навикне на болестите и смртта, а ова посебно важи за болестите коишто буквално убиваат за многу краток временски период.
Недамнешен пример за тоа е и епидемијата на Ебола во западна Африка, којашто е во состојба да го убие човекот за само неколку часа од појавата на првите симптоми.
А еве ја и листата од 10-те болести поради коишто смртта настапува сосема ненадејно:
1. Некротизирачки фасциитис (канибал бактерија)
Тоа е бактериска инфекција којашто во телото се шири исклучително брзо и го уништува мекото ткиво, а често е поврзана и со некои видови на повреди (модринки, изгореници, убоди од инсекти), но се појавува и после хируршки зафати, некои хронични болести, кај труења со храна, породувања и така натаму. Оваа инфекција ја нарекуваат уште и акутна кожна гангрена, а првите симптоми наликуваат на симптомите на грип.
Како што болеста се шири, така на телото се појавуваат пликови полни со темна течност, а на крајот и целото месо поцрнува и одумира. Во ваков случај е исклучително важна брзата примена на медицинска помош којашто се состои од итно отстранување на инфицираното ткиво и добивање на соодветни антибиотици.
2. Менингокок
Се работи за заразна бактериска инфекција, предизвикана од Neisseria meningitidis, којашто настанува во слузокожата на носот и грлото. Се пренесува преку кивање и кашлање, а постојат и три главни клинички облици на болеста – менингосарком синдром, септички облик и воспаление на белите дробови.
Од појавата на првите симптоми (зголемена телесна температура, силни главоболки, чувствителност на светло и така натаму) до смртта понекогаш минуваат само неколку часа, а преживуваат само десет до 15 отсто од заболените, но со трајни оштетувања, вклучувајќи и губиток на слухот, пореметување на говорот, губење на екстремитетите, ментална ретардација, парализа...
Некои луѓе можат да бидат само носители на оваа болест, а не и да заболат од неа. Од оваа зараза најчесто страдаат децата и младите луѓе, а исходот знае да биде и менингитис, како и сепса.

3. Чагасова болест
Се работи за тропска паразитска болест, предизвикана од праживотното Trypanosoma cruzi, а се јавува главно во сиромашните делови на Средна и Јужна Америка. Се пренесува преку изметот на инсектите од родот Triatoma, коишто на луѓето им ја цицаат крвта.
Во првата фаза на болеста паразитите циркулираат низ крвта околу два месеци, а симптоми главно нема. Ако се појават, тие се благи, а првите знаци се лезии на кожата или отекување на очните капаци коишто стануваат виолетови. Подоцна се јавува и зголемена телесна температура, главоболки, зголемени лимфни жлезди, болки во мускулите, отежнато дишење, болки во стомакот или градите. Болеста е излечива само ако со третман се започне во првите два месеци.
4. Цереброваскуларни болести на мозокот
Се работи за оштетување на еден или повеќе садови во мозокот, а најпознат пример е мозочниот удар до којшто доаѓа после прекин на доток на кислород и хранливи материи до мозокот, после што крвниот сад се распрснува или во него се формира крвно засирување коешто може да го затвори садот.
5. МРСА (Метицилин резистентни стафилококус ауреус)
Се работи за бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.
Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму. Во случаеви на агресивен облик на болеста, доаѓа и до сепса, инфекции на срцевите залистоци или коските и воспаленија на белите дробови.

6. Колера
Се работи за акутна цревна инфекција предизвикана од земање на храна или вода заразени со бактеријата Vibrio cholerae. Во екстремни случаеви, може да го убие човекот за само неколку часа. Периодот на инкубацијата е краток – од неколку часа до пет дена. Заболените имаат силна дијареа, којшто многу брзо доведува до тешка дехидрираност и смрт, ако веднаш не се започне со лекување.
7. Ентеровирус Д68
Секоја година милиони деца патат од ентеровирус којшто предизвикува кашлање, кивање и грозница. Се шири преку дишните патишта со кашлање и кивање, а во телото може да влезе и преку најразлични површини во домаќинството (на пример, ако на површината има телесни течности од заболено лице). Во сериозни случаеви, ентеровирусот предизвикува проблеми со дишењето, па и смрт.
8. Бубонска чума
Тоа е најчестиот и најпознатиот облик на чума, познат уште и како "Црна смрт", којашто низ историјата однела околу 50 милиони животи. Ја предизвикува бактеријата Yersinia pestis, а траењето на инкубацијата варира – од неколку часа до 12 дена. Болеста настапува нагло, со зголемена телесна температура којашто се качува и над 40 степени Целзиусови, а најпознати симптоми се отечени лимфни жлезди под пазувите. Постојат уште два облика на оваа заразна болест, a aко не се лечи, доведува до смрт во рок од два до шест дена од појавата на симптомите.

9. Ебола
Ова е исклучително опасна болест со стапка на смртност до дури 90 отсто. Освен луѓето, ги погодува и мајмуните, горилата, шимпанзата и така натаму. Вирусот се пренесува со близок контакт на крв и останати телесни течности од заразено лице.
Во Африка до инфекција кај луѓето дошло поради контакт со заразени животни, a можно е да се зарази друг човек дури и после опоравувањето. На пример, маж којшто се опоравил лесно може да ја зарази својата сопруга преку спремата и до седум недели подоцна.
Инкубацијата трае помеѓу два дена и три недели, а симптомите на болеста се неочекуван напад на грозница, потенцирана слабост, болки во мускулите, главоболка и болки во грлото, повраќање, дијареа, осип, оштетување на бубрезите и црниот дроб, а доаѓа и до внатрешно и надворешно крварење.
Смртта може да настапи во рок од 24 часа.
10. Денга грозница
Оваа тропска болест ја пренесуваат комарци коишто се заразени со вирусот dengue, a на луѓето се пренесува откако ќе добијат убод од заразен комарец. Симптомите вклучуваат висока температура, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, како и карактеристичен осип, сличен на сипаници. Болеста кај помал број на заболени знае значајно да се искомплицира и да се развие во смртоносна денга хеморагијска грозница. Еден од симптомите на оваа состојба е крварење, односно изливање на крв од крвните садови.