Корекцијата на нос е една од најчестите естетски корекции на која се подложуваат и мажите и жените, а сега тука е револуцијата во овој зафат која ја измислил естетскиот хирург Сајмон Оуриан, основач на клиниката „Epione“ на Беверли Хилс. Сајмон веќе некое време изведува нехируршки корекции на носот, а целата постапка е готова за 5 минути.
Корекција на носот посакала да направи и 27 – годишната Јоана Дела Риџоне. Таа одлучила да го направи зафатот кај естетскиот хирург Сајмон Оуриан од Беверли Хилс. Овој експерт ја патентирал техниката на нехируршка корекција на носот која трае само 5 минути, а после зафатот, за разлика од класичната естетска операција, не е потребно закрепнување.

Хирургот Оурианги исправа неправилностите на носот на тој начин што филерите со помош на многу тенки игли супер прецизно ги вбризгува точно во местата каде што е потребно. Со оваа техника многу полесно може да се предвиди резултатот од зафатот, а новиот нос изгледа многу поприродно отколку при класичниот оперативен корективен зафат.
„Може да дојде до благ оток кој може да трае најдолго два дена, но иглата е толку ситна што не остава никаква лузна“, истакнува Сајмон. Новиот нос на Јоана ќе трае од 2 до 4 години, а постапката ја платила три илјади долари, пишува Daily Mail. Таа е воодушевена од тоа со колкава суптилност докторот ѝ направил нов нос.
„Никој не мислеше дека ова не е мојот природен нос. Кога им кажав, беа вчудовидени од разликата“, вели Јоана.