Научниците открија нов вирус кој од лилјаците може да се пренесе на човек: Нема лек!

Точка

12/11/2015

18:40

3.537

Големина на фонт

а а а

Новиот вирус наликува на САРС, симптомите се слични како кај грипот, а научниците продолжуваат интензивно да го проучуваат за да откријат што е можно повеќе информации.

Научниците открија нов вирус кој наликув на САРС. Може директно да биде пренесен од лилјаци на човек, а најновото откритие внесе страв дека можно е во иднина да има опасни епидемии. За вирусот не постои никаков делотворен лек, а се уште не е познато дали вирусот може да се пренесе од човек на човек, или само од животните.

Авторот на студијата објавена во "Nature Medicine", доктор Ралф Барик од Универзитетот Северна Каролина вели дека лилјаците можат да пренесат вирус на човекот кој е патоген. Што поскоро научниците ќе обезбедат информации за вирусот, ќе може да се направи превенција, односно ќе може да бидат превземени противмерки кои ќе сопрат потенцијална епидемија.


Смртно воспаление на белите дробови

САРС, сериозниот акутен респираторен синдром од животните премина на луѓето некаде од 2002-ра до 2003-та година предизвикувајќи светска епидемија со околу 8 илјади дијагностицирани случаи. Околу 800 луѓе починаа од оваа болест ширум светот.

Симптомите наликуваат на оние од обичниот грип, само се забрзани, го компромитираат дишењето и водат до смртно воспаление на белите дробови. Епидемијата сега е ставена под контрола и се чини дека изворниот вирус конечно беше уништен во 2004-та година.


Новиот вирус кој е пронајден кај кинеските лилјаци ги напаѓа истите рецептори како кај САРС и со голема брзина се шири низ телото. Како и кај САРС, вирусот ги напаѓа белите дробови. Засега има ознака SHC014-CoV. Вирусот е патоген и лековите кои се развиени за лекување од САРС како и ZMapp лековите за ебола не можат да го неутрализираат.