Номадите од племето Цатан живеат како никој друг: Идила во хармонија со природата

Точка

07/10/2015

12:21

4.546

Големина на фонт

а а а

Племето Цатан се одгледувачи на ирваси, кои живеат во северниот регион на Монголија, наречен Khövsgöl Aimag. Потекнуваат од другата страна на границата, каде денес се наоѓа Руската Република Тува.

Цатан е последната група на номадски одгледувачи на ирваси во светот, а преживеале илјадници години населувајќи го најдалечниот и опасен субарктички предел покриен со тајги. Се селат околу пет до десет пати во годината.

Ирвасите и племето Цатан зависат едни од други. Некои од нив велат дека ако ирвасите исчезнат, ќе исчезне и нивната култура. Ирвасите им обезбедуваат млеко, сирење, кожа и крзно, а им служат и како превозно средство.

Ја шијат својата облека од крзно од ирваси, се греат со нивниот исушен измет, а со роговите прават алатки. Не ги користат своите животни за месо, и поради тоа се уникатни меѓу заедниците кои одгледуваат стока.

Како што бројноста на ирвасите сé повеќе се намалува, само околу 40 семејства ја продолжуваат оваа традиција денес. На нивниот опстанок му се заканува застрашувачкиот опад на бројките на припитомените ирваси. Многу од нив се откажале од номадскиот живот за да се сместат во урбанизираните области.

Племето Цатан се сели од едно на друго место во текот на годината, без постојан дом во кој престојуваат поголем дел од времето.


Смислата на нивната заедница е изградена околу ирвасите, и тие зависат едни од други.


Цатанската заедница вообичаено ја сочинува група на шатори кои припаѓаат на две до седум домаќинства, кои го селат кампот со цел да пронајдат добри пасишта за ирвасите, кои ги третираат како членови на семејството и длабоко ги почитуваат.



Внатре во шаторите на племето Цатан.


Болорма врие млеко за сирење, кое му е потребно на семејството да се прехрани.


Нарахуу и Болорма, маж и жена.


Целото семејство позира гордо со некои од своите ирваси.


Ќерките на Нарахуу и Болорма.



Други членови на семејството кои живеат во кампот: Бајрасајхан, Чагта, Баагии и Нууру.


Секоја вечер, повеќе од 100 ирваси се враќаат во кампот после долг ден поминат во потрага по храна по Уланската тајга.


Селфи


Сечење на дрва за секојдневните потреби.


Тувшинбајар си игра со ирвасите.



Трчање по ирвасите пред зајдисонце за да се измолзат.


Девојките и помладите жени ги молзат ирвасите и прават јогурт, сирење и чај со млеко.


Тетката на Нарахуу го служи фотографот со Сутеј, традиционалниот солен чај со млеко на племето Цатан.


Улзичимиг, најмладата ќерка во семејството, ја буди и задева сестра си.


Зајдисонце над Уланската тајга.


Цатаните веруваат дека духовите на нивните претци живеат во шумата како животни, кои ги водат живите. Практикуваат шаманизам, религија основана на обожавање на природата.