Видео од пензионирањето на еден работник од БиХ се шири на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека таквото испраќање во пензија треба да биде пример за сите компании.
Пензионирањето вообичаено е еден од најпосебните моменти во животот на секој човек. Тоа е време кога се затвора едно важно поглавје исполнето со работа, труд и одговорност, а се отвора ново, полно со заслужен одмор. На ова нè потсетија работниците на една компанија од Брчко, кои на посебен начин го испратиле својот колега во пензија.
Снимката на која се гледа како работникот Асим поминува покрај своите колеги, кои биле наредени во два реда, се шири низ социјалните мрежи. Аплаузот траеше цело време додека чекореше тој, а на крајот му врачија плико и торта. Асим беше повеќе од трогнат од овој гест, но тој не беше единствениот. Многумина корисници на ТикТок не ги криеја своите емоции. Тие коментираа дека снимката ги трогнала и расплакала.
Watch on TikTok
„Браво за газдите и колективот“, „Сигурно бил добар човек и колега“, „Која е оваа компанија? Респект“, „Уживај во пензијата Асим“, „Дали е можно ова кај нас? Се наежив“ „Асим се пензионира како крал“, „Секоја чест. Одамна немам видео поубава снимка на оваа платформа“, беа само дел од коментарите.
Многумина исто така коментираа дека се чини оти ваквите моменти станале сè поретки. Тие напишаа дека голем дел од луѓето заборавиле колку е важно да им се одаде признание и благодарност на оние кои со години посветено работеле, оставајќи белег не само во бизнисот, туку и во колективот. Се согласувате ли?