Белгиски начин на борба против осаменоста: Поштарите секојдневно ги посетуваат постарите лица

Точка

16/05/2025

21:29

637

Големина на фонт

а а а

Не е невообичаено постарите луѓе да бидат осамени и честопати оставени сами на себе. Овој општествен проблем се интензивираше за време на пандемијата кога многу постари лица го изгубија контактот со својата заедница и семејство.

Белгија пронајде малку необичен, но ефикасен начин за проверка на старите лица.

Поштарите во борба против осаменоста кај постарите лица

Имено, пред неколку години беше лансирана програма наречена „bclose“. Оваа програма ја започна националната поштенска служба во Белгија, „bpost“. Тие го препознаа потенцијалот на нивните вработени кои секојдневно посетуваат домови низ целата земја. Затоа, им беше доделена општествено корисна улога – за време на доставата на поштата, поштарите ги посетуваат постарите лица кои аплицирале за програмата и им поставуваат низа прашања за нивното здравје, расположение и потреби.


Значи, за време на посетите на постарите лица, поштарите проверуваат како се чувствуваат тие и евидентираат информации за нивната состојба. Доколку забележат знаци на осаменост, депресија или други проблеми, веднаш ги известуваат локалните социјални служби, кои потоа им обезбедуваат помош на оние на кои им е потребна.

Иницијативата се покажа како исклучително успешна. Предноста на програмата е раното откривање на проблеми кај постарите лица, а поштарите, кои се во секојдневен контакт со постари граѓани, можат навреме да ги препознаат предупредувачките знаци. Инаку поштарите кои ги посетуваат старите лица прво поминуваат обука во центарот за социјална работа.

За некои, поштарот е единствената личност со која имаат контакт

Многу постари луѓе во Белгија го изгубиле контактот со своите семејства и пријатели, а поштарот е единствената личност со која можат да поразговараат.


Другите европски земји почнаа да го следат примерот на Белгија. Француската пошта им нуди на постарите лица посети од поштари, финската пошта има домашни услуги за луѓе кои останале сами откако нивните деца се иселиле… Накратко: низ цела Европа, поштарот помага во надминувањето на осаменоста.