[ВИДЕО] Купила „second hand“ фустан за 5 евра и останала без зборови кога го видела ова!

Точка

16/05/2025

12:00

5.701

Големина на фонт

а а а

Тиктокерката Амбер Јакзан (26) од Кентаки пронашла винтиџ фустан во продавница за работи од втора рака и останала без зборови кога ја здогледала дизајнерската етикета.

Имено, во одделот за пижами и ноќница здогледала крем фустан со тантела скриен меѓу полиците. Фустанот инстиктивно ја привлекол и се приближила за да погледне подобро, но ништо не можело да ја подготви за она што следело кога ја забележала етикетата на Кристијан Диор.

Слип фустанот доаѓа со нежна тантела која му дава врвен винтиџ изглед. Фустанот, за кој тиктокерката вели дека е „како да е скроен за неа“, е во совршена состојба, а она што го прави уште подобар е фактот што чинел само 6 долари или околу 5,52 евра.



„Ти си среќна девојка“

Нејзиното видео собрало повеќе од 533.000 прегледи и повеќе од 30.000 лајкови на ТикТок, а многумина ѝ честитале на нејзиниот „улов“ во коментарите.

„Дали ти застана срцето кога ја виде?“, „Ти си вистинска среќна девојка“, „Плачам од љубомора“, „Врескам … какво прекрасно откритие“ и „Ја пронајде мојата „second hand“ модна фантазија!“, ѝ пишувале во коментари.