Citroen и официјално го претстави C4 Cactus
Осмислен како автомобил кој на купувачите ќе им донесе и повеќе од тоа што им е потребно, продукциската изведба на C4 Cactus верно ги прати линиите на концептиот модел, но и идејата која концептот иницијално ја презентираше - на купувачите да им понуди привлечно и модерно возило, но и многу опрема...
Моментално, цената не е позната. Она што е познато се димензиите - 4,16m должина, 1,73m висина и 1,48m ширина, со меѓуосовиснко растојание од 2,6m Како што се забележува, дизајн идентитетот е уникатен, но се уште Citroen препознатлив, со ентериер дизајниран со нагласок на удобноста и едноставноста.
Од концептот се задржани т.н. "Airbumps", кои имаат за цел да ја заштитат каросеријата од удари на паркизни и при мали брзини. Во внатрешноста доминираат карактеристичните седишта, дигиталната инструмент табла со 7-инчен средишен наслов како основа за стандардниот информационен систем.

Целосните технички детали се уште не се објавени во целост, но потврдено е дека овој модел тежи само 965Kg, што е за речиси 200 килограми помалку од серискиот C4. Исто така, од Citroen потврдија дека бензискиот мотор ќе има емисија на јаглерод диоксид помала од 100g/km, а просечната потрошувачка на дизелот моторот ќе изнесува 3,1 l/100km
Првата саемска промоција Citroen Cactus ќе ја има во Женева на почетокот на месец Март, кога и ќе започне неговата продажба на Европските пазари. Како и со останатите модели, неколку месеци подоцна, се очекува македонската премиера.