Полека влегуваме во периодот на слави и веселби, а тоа често ни носи и неколку килограми вишок. Кога забележувате дека омилените фармерки ве стегаат, веројатно решавате да се ставите на диета. А и кај диетите е како и кај се’ друго – ѕвездите секогаш ги наметнуваат трендовите.
Затоа Британската диететска асоцијација (БДА) направила листа на диететски трендови помеѓу познатите дами, кои иако се тренди и ефикасни во однос на губењето на килограми, треба да ги одбегнувате по секоја цена.
Иако холивудските ѕвезди знаат како се слабее и десетици килограми за неколку дена или недели, човечкиот организам, барем оној кој го има просечниот човек, таква драстична промена за толку кратко време не поднесува лесно. А и онака не ги сфаќаме холивудските ѕвезди како обични човчки суштества, туку како нешто надмоќно кога станува збор за модата и убавината.
Еве кои диети МОРА да ги одбегнувате:
Воздушна диета
Овој начин на „исхрана“ кој всушност подразбира одбегнување на храна и пијалак во потполност, се нашол на првото место на листата на опасни диети, и тоа сосема заслужено.

Имено, поклониците на оваа диета сметаат дека конзумирањето на било каква храна е сосема непотребно, односно дека на човечкиот организам сосема му е доволно да прима само кислород и сончева светлина.
Меѓу љубителите на оваа невозможна диета се нашле и Мишел Фајфер и Мадона.

Биотајпинг диета
Филозофијата на оваа диета се заснова врз фактот дека постојат шест различни типови хормони, и дека најдобар начин да го изгубите вишокот на килограми е токму во тоа да го промените својот хормонален баланс, со конзумирање на одредени намирници и комплетно откажување од други. Нејзин поборник е Бој Џорџ.
Со оглед на тоа дека една од главните нешта на кои не учи биологијата е дека со хормоните не треба да си играме, секое понатамошно образложение зошто оваа диета се наоѓа на оваа листа е излишно. Научниците велат дека оваа диета е ефективна само затоа што со укинувањето на поедини намирници се намалува внесот на калории, но предупредуваат дека е многу лоша ако ја држите на долг рок.

Диета без глутен
На трето место се наоѓа начин на исхрана кој, за разлика од претходните два, има исклучително голем број на поклоници ширум светот, па и кај нас.
Логиката е следната – треба сосема да се исфрли глутенот (протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот и зобот) и тоа ќе доведе до губење на непосакуваните килограми.

Научниците се согласуваат дека лицата кои се пречувствителни на глутен треба да го одбегнуваат, но нагласуваат дека не постојат докази дека јадењето глутен е поврзано со вишокот на килограми. Една од најславните обожавателки на оваа диета е Гвинет Палтроу, а Новак Ѓоковиќ строго се придржува до неа бидејќи е алергичен на глутен.
Дуканова диета
Исто така многу популарна, Дукановата диета подразбира конзумирање на големи количини протеин и потполно одбегнување на јаглените хидрати, вклучувајќи го и овошјето, мешункастите плодови и интегралните житарици.

Иако ваквиот начин на исхрана навистина доведува до брзо губење на килограми, исто така доведува и до хронична исцрпеност, запек и лош здив.
Најпознати поклоници на оваа диета се Џенифер Лопез и мајката на Кетрин Мидлтон.