Нането е ароматична билка која потекнува од Азија и регионот околу Медитеранот. Нутритивно е богато со многу витамини и минерали. Исто така е медицински користено како лек за дигестијата и како состојка за заздравување на рани.
Иако повеќето луѓе користат мала количина на билки при готвењето, нутритивните бенефиции на нането и другите билки можат многу да придонесат за квалитетот на храната која ја јадете.
Има многу видови и вариетети на нане, од кои најпознати се пеперминтот и градинарската мента. Во главно, вкусот на нането е благ и свеж. Сите нутритивни вредности подолу се базирани на 100 грама од билката, што е еднакво на 7 лажици или половина шолја за чај.

Калории
Како и повеќето билки, нането содржи многу малку калории, и е нискомаслена храна. Во него има 48 калории и 0,6 грама масти на 100 грама. Повеќето од калориите доаѓаат од карбохидратни извори, но нането содржи и мало количество на протеини исто така. Нането содржи и 2 грама диететски фибри, што е многу важно за интестиналното и кардиоваскуларното здравје. Нутриционистите препорачуваат дневен внес на барем 25 грама фибри.

Витамини
Нането е особено богато со каротени и витамин Ц. Каротените се нутритиенти кои им ја даваат карактеристичната боја на растенијата, и се антиоксидантни прекурсори на витаминот А. Најдобро познатиот каротен за човековото здравје е бета-каротенот, кој е многу здрав за очните болести и кардиоваскуларните заболувања. Нането содржи 1620 микрограми каротени.

Дваесет и седум милиграми на витамин Ц се наоѓаат во една стандардна порција нане. Витаминот Ц е најдобро познат по неговите бенефиции за имунолошкиот систем и за растот и заздравувањето на ткивата. Некои студии индицираат дека исто така може да овозможи заштита против некои форми на рак, како колон и ректален канцер. Меѓународниот институт за медицина препорачува 75-90 милиграми дневно за лица постари од 19 години.
Минерали
Нането е исто така добар извор на неколку минерали од есенцијално значење, како магнезиум, бакар, железо, калиум и калциум.
Магнезиумот и калциумот се исто така важни минерали за здравјето на коските. Нането обезбедува 60 милиграми магнезиум и 200 милиграми калциум во порција од 100 грама. Фосфорот, уште еден минерал кој ја одржува црвстината на коските, исто така е присутен во оваа билка.

Железото е исто така значаен минерал за здрава крв. Стотина грама од оваа билка содржат 15,6 милиграми железо, што е речиси доволно за цел ден и ја задоволува дневната потреба од овој минерал. Апсорпцијата на железо е овозможена од витаминот Ц, и го прави одлична состојка за здрава исхрана.

Готвење со нане
Свежото нане обезбедува одлично зачинување за различна храна. Бидејќи оваа билка додава вкус без натриум, особено е препорачлив ако имате кардиоваскуларна болест или висок крвен притисок. Обидете се да додавате сецкано нане во сосови за печени, црвени меса или обарени зеленчуци како грашок, зелен грав или млади компири. Исто така има одличен вкус во сирова, свежа салата од зеленчук, особено со краставици и домати. Користете го нането и како зачин за освежителните летни пијалоци и овошни десерти. Сушениот пеперминт е освежителен чај, и може да помогне да се намалат дигестивните симптоми.