Хумано имунодефициентниот вирус (ХИВ) е пандемична пренослива болест која го предизвикува синдромот на стекнат имунолошки дефицит (СИДА). Кога сидата ќе се развие, имунолошкиот систем на заболениот драстично опаѓа и се појавуваат многу смртоносни инфекции.
ХИВ се пренесува преку одредени телесни течности: крв, спрема, предсемена течност, вагинални секрети и мајчино млеко (никако преку плунка, урина и солзи). Најчести начини на пренесување на ХИВ од една личност на друга е преку користење на инфицирани употребени игли и незаштитен секс.
Исто така, мајката може да му пренесе ХИВ на новороденчето преку вагинално породување или преку доење. Особено е важно бремените жени кои се заболени од ХИВ да разговараат со доктор во врска со овој проблем, бидејќи ризикот бебето да се инфицира со ХИВ може драстично да се намали ако се користат соодветни лекови и ако детето не се храни со доење од мајчино млеко.

Постојат четири основни фази на ХИВ: период на инкубација, акутна инфекција, латетна фаза, и СИДА. Во текот на првата фаза, периодот на инкубација, личноста нема да покажува никакви знаци или симптоми на ХИВ. Првите неколку знаци на ХИВ во акутната инфекција се настинка или симптоми слични на грип, што значи дека многу лесно може да се погреши дијагнозата.

Третата фаза, латентната фаза, исто така покажува малку или никакви симптоми. Тоа е причината поради која е многу потребно да се проверите ако се сомневате дека имате ХИВ. Ако сте имале незаштитен секс (вагинален или анален), сте користеле употребена игла или сте размениле телесни течности со друга личност, важно е да посетите доктор и да се проверите. Раната детекција и третман се клучот за личноста со ХИВ да има висококвалитетен, и колку што е можно, здрав живот, како и да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Има многу различни видови на ХИВ, и сите имаат различни знаци, симптоми и компоненти. Сепак, нема лек за ниту еден од видовите. За поголемиот дел, лековите овозможуваат да се помогне на лицето со ХИВ/СИДА да го одржи најдоброто можно ниво на животен квалитет откако ќе се донесе дијагнозата. Кога ќе се дијагностицира СИДА, преостанатото време живот на заболениот најчесто се проценува на околу 5 години.

Во главно, најдобар начин за едно лице да се заштити од ХИВ/СИДА е да превземе превентивни мерки. Ова вклучува:
1. Апстиненција
Тоа е единствениот начин за 100% ефективна превенција од сексуална трасмисија на ХИВ.
2. Комуникација со вашиот сексуален партнер(и)
Да знаете за статусот на вашиот партнер и статусот на неговите/нејзините претходни партнери во однос со ХИВ/СИДА е важно за екстра претпазливост за вашето здравје.
3. ОДбегнувајте да имате повеќе сексуални партнери
Најдобро е да се има моногамна врска во која и двајцата партнери знаат дека немаат ХИВ.
4. Користете кондоми
И покрај бројот на сексуални партнери кои ги имате, користењето на кондоми е ефективен начин да спречите пренесување на ХИВ. Кондомите се и единствено средство за заштита од сексуално преносливи инфекции. Останатите штитат само од несакана бременост.
5. Тестирајте се
Сознанието дека имате ХИВ/СИДА ќе ви помогне да направите мудри одлуки, како веднаш да започнете со третман. Ако сакате да имате бебе, ако сте бремена, или новопечена мајка, ова е особено важно бидејќи постојат начини да се спречи трансмисијата на вирусот од мајката на бебето.
6. Никогаш не користете и не делете употребени игли
Осигурајте се и дека ако правите тетоважа или пирсинг, нема на вас да бидат повторно употребени стари игли.

Во моментот 97 лица во Македонија живеат со ХИВ или СИДА. Од појавата на инфекцијата досега 66 болни веќе починале. Епидемиолозите предупредуваат дека скриената бројка е многу поголема. Но, за тоа е потребно тестирање, кое засега е доброволно и анонимно.
По 25 години постоење на болеста во Македонија, статистиката покажува дека дури 70 проценти од регистрираните случаи се мажи, а над 80 проценти живеат во град. Во светски рамки има 34,2 милиони заболени лица. Од нив 3,4 милиони се деца.