Додека нетрпеливо чекате температурите надвор полека да се намалат и во вечерните часови конечно да излезете од климатизираните простории, одличен начин за да го поминете времето е гледањето на добар филм.
Обезбедете се со доволно студена вода или некој убав освежувачки пијалак, направете си пуканки или пак подгответе си вкусен сладолед и започнете со филмскиот маратон. Така, во продолжение погледнете кои се најгледаните десет филмови во американскиот бокс офис и продолжете со уживањето во овој продолжени викенд.
1. "Man of Steel"
Долго очекуваниот филм "Man of Steel", новото продолжение од приказната за легендарниот херој Супермен веднаш по својата премиера се искачи на врвот на американскиот бокс офис. Со вкупна заработка од неверојатни 129 милиони долари, фантастичната и авантуристичка акција ги освои киносалите ширум светот. Филмот е режисерско дело на Зак Снајдер, а главните улоги ги толкуваат Хенри Кавил, Ејми Адамс и Мајкл Шенон.

2. "This Is the End"
Филмот "This Is the End" веднаш по својата премиера се најде на второто место помеѓу десетте најгледани филмови. Жанровски определен како комедија и фантазија, филмот има остварено вкупна заработка од 33 милиони долари. Режијата на "This Is the End" ја потпишуваат Иван Голдберг и Сет Роџен, а главните улоги ги толкуваат Џејмс Франко, Џонан Хил и Сет Роџен.

3. "Now You See Me"
Криминалистичкиот трилер "Now You See Me", трета недела по својата премиера се наоѓа на третото место во американскиот бокс офис. Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Марк Рафало, Џеси Исенберг и Вуди Харелсон, има остварено вкупна заработка од 80,7 милиони долари. Филмот е создаден под режисерската палка на Луис Летериер.

4. "Fast & Furious 6"
Шестото продолжение од легендарниот акционен и криминалистички трилер "Fast & Furious", во текот на четвртата недела од неговата премиера во американскиот бокс офис го има четвртото место, со вкупна заработка од 220 милиони долари. Режијата на филмот ја потпишува Џастин Лин, а главните улоги ги толкуваат Вин Дисел, Паул Валкер и Двејн Џонсон.

5. "The Purge"
На петтото место на американскиот бокс офис оваа недела се најде филмот "The Purge", жанровски определен како хорор, трилер и научно-фантастичен хит. Станува збор за режисерско дело на Џејмс ДеМонако, а главните улоги во филмот ги толкуваат Итан Хаук, Лена Хедеј и Макс Буркхолдер. Филмот засега има остварено вкупна заработка од 52 милион долари.

6. "The Internship"
Комедијата "The Internship" веднаш по својата премиера се избори за место во американскиот бокс офис. Станува збор за режисерско дело на Шон Леви, а главните улоги ги толкуваат Винс Вауг, Овен Вилсон и Рос Бирн. Овој филм има остварено вкупна заработка од 31,1 милиони долари.

7. "Epic"
Анимираната авантура "Epic", по четврта недела по својата премиера, има остварено вкупна заработка од 95,7 милиони долари. Филмот е режисерско дело на Крис Веџ, а покрај планетарно познатата музичка дива Бијонсе Ноулс, гласовите на ликовите во анимираниот филм им ги позајмуваат и Колин Фарел, Џош Хатчерсон и Алисон Билис.

8. "Star Trek Into Darkness"
Авантуристичката и научно-фантастичната акција "Star Trek Into Darkness" веќе петта недела по ред има свое место во американскиот бокс офис, со вкупна заработка од 211 милиони долари. Главните улоги во филмот ги толкуваат Крис Пајн, Закари Квинто и Зое Саланда, а режијата ја потпишува Џеј Џеј Абрамс.

9. "After Earth"
Филмот "After Earth", кој жанровски е определен како акција, авантура и мистерија, оваа недела се наоѓа на деветтото место во американскиот бокс офис. Филмот е режисерско дело на Најт Шајмалан, а покрај таткото и синот Џејден и Вил Смит, своја улога во филмот остварува и Софи Оконедо. Филмот забележува вкупна заработка од 54,5 милион долари.

10. "Iron Man 3"
Третото продолжение од легендарната акција и научно-фантастична авантура "Iron Man 3" седма недела по ред се наоѓа помеѓу десетте најгледани филмови. Режисерското дело на Шејн Блек има остварено вкупна заработка од неверојатни 400 милиони долари. Главните улоги во филмот ги толкуваат славните Роберт Дауни Џуниор, Гвинет Палтроу и Дон Чедл.

Доколку сепак сакате некој од овие филмски хитови да ги погледнете на големото платно во киносалите, погледнете ја понудата на скопските кина.