Новак Ѓоковиќ имал 17 години и куфер полн со соништа, но и многу самодоверба за да ги оствари. Јелена, 11 месеци постара, уште тогаш му беше најголемата поддршка, покрај неговите родители.
Се запознале преку заеднички пријатели и многу брзо пронашле тема што во тоа време им беше приоритет и на двајцата – тенис. Јелена исто така се занимавала со „белиот спорт“, но на крајот рекетот го заменила со факултет. Од првиот ден знаеле дека се сродни души, и низ годините поминати заедно буквално пораснале еден со друг.
Како и во секоја врска што созрева и се развива со текот на времето, Новак и Јелена Ѓоковиќ имале моменти на подеми и падови. Една од позначајните кавги се случила во периодот кога сопругата на славниот спортист била бремена.
Имено на почетокот од 2017 година, Јелена го снимала тренингот на Новак и го емитувала во живо на неговиот официјален Фејсбук профил. На крајот од преносот во живо, дошло до расправија меѓу сопружниците, која случајно се емитувала во етерот.
Кога завршил со тренингот, Новак ѝ се приближил на Јелена со намера да ги поздрави обожавателите и го зел мобилниот телефон од нејзината рака, што нејзе очигледно не ѝ се допаднало.
„Како се однесуваш? Ти благодарам, љубов, ти благодарам! Така ли треба да кажеш“, го прекори Јелена, а неколку секунди подоцна сфатила дека и тоа е објавено.
Обожавателите на Новак ја опсипаа Јелена со негативни коментари, а снимката предизвика таков скандал што Дијана Ѓоковиќ јавно застана во одбрана на својата снаа:
„Во секоја врска, како и во секој брак, има конфликти. Тоа се нормални работи во кои не сакам да навлегувам. Спорната снимка нема никаква врска со реалноста. Тие имаат хармоничен брак, навистина се разбираат, тие се како едно“, изјави Дијана.
Сопругата на најдобриот српски тенисер ја објасни својата реакција, која случајно се емитувала, за време на гостувањето на телевизијата К1.
„Кога луѓето ми велат дека сме совршени, веднаш велам дека не сме. Јас сум многу своја и не ми е гајле што велат луѓето околу мене. Кога Новак и јас сме заедно, тоа сме навистина ние, и кога се караме и кога сме заљубени. Тоа е емоција што е природна и ми е мило што можеме да бидеме свои“ рече Јелена и се осврна на кавгата што добро ја памети, а која се случила додека беше бремена.
„Новак е многу автентичен. Заедно сме од наши 18 години. Мојата сестра се пресели пред осумнаесет години, а јас сум со мојот сопруг исто толку време. Не го гледам тоа како нешто што го правиме поради јавноста. И сакам да одговорам кога луѓето ми велат дека сме совршени. Веднаш ќе ви кажам дека не сме. Се сеќавам кога се скаравме во преносот во живо пред неколку години. Бев бремена и емотивна, а тој беше груб во тој момент“ откри Јелена и објасни:
„Реагирав онака како што реагирав. Откако размислив за тоа, се запрашав: „Боже, дали луѓето навистина мислат дека сè е мед и млеко за нас“. Сепак, не мислам дека го мислат тоа, но веројатно е оној вид на проекција – ако се стремам кон успех, слава, пари, веројатно таму е подобро. Потоа гледаат дека има и проблеми и дека сè не е толку одлично и прекрасно. Најважно е човекот да сфати кој е и што е, бидејќи всушност не знаеме кои сме“ советуваше Јелена и откри дека таа и Новак глумеле долго време, односно се обидувале да ѝ се допаднат на јавноста, која како што рече ни самата не знае што очекувала од неа.