[ВИДЕО] Славниот актер се расплака и проговори за бурниот живот: Ги повредив сите што ги сакам

Точка

14/08/2025

11:39

1.278

Големина на фонт

а а а

Актерот Чарли Шин, кој речиси осум години е трезен, пред својот 60-ти роденден конечно одлучи да се соочи со своето бурно минато обележано со дрога и алкохол. Тоа ќе го стори преку новата книга и искрениот документарец.

Дводелниот документарец на Нетфликс, познат „aka Charlie Sheen“, од режисерот Ендру Ренци, пристигнува на 10 септември, а Шин ветува дека ќе се отвори за секое поглавје од својот живот. „Кога носиш многу срам, тој те задушува“, призна актерот во неодамна објавениот трејлер. „Самиот го запалив фитилот и мојот живот се претвори во сè што не требаше да биде“, додаде тој.


Тој проговори за најинтимните работи

Шин исто така рече дека во документарецот ќе открие работи што ветил дека ќе ги сподели само со својот терапевт. Особено емотивен момент е оној кога зборува за разочарувањето што му го приредил на својот познат татко, актерот Мартин Шин. „Не можам да замислам да бидам на негово место. Навистина ги повредив луѓето што ги сакам“, рече тој низ солзи.


Во серијата се појавува и неговата 20-годишна ќерка Лола Шин, конзервативна христијанка, која изјавува: „Не можеш да имаш вистинска врска со некој што поминува низ зависност“.

Еден од најшокантните моменти е сведоштвото на поранешниот дилер на Шин, Марко, кој потврди дека приказните на актерот за пушење огромни количини крек кокаин се многу вистинити. Самопрогласениот „таблоиден црн облак“ ја загуби својата профитабилна работа во ситкомот „Два и пол мажи“ во 2011 година, каде што заработуваше 1,8 милиони долари по епизода, откако заврши на рехабилитација по трет пат за само една година.

Неговата постара ќерка не учествува во снимањето

Во документарецот се вклучени и бројни познати личности од животот на Шин, поранешните сопруги Дениз Ричардс и Брук Милер, колегите Џон Крајер и Крис Такер, братот Рамон Естевез, па дури и озлогласената холивудска мадам Хајди Флајс, која пред камерите го нарекува „плачлива п**ка“ и се потсети дека тој сведочел против неа, што ја однело в затвор.

Но, неговиот татко Мартин Шин, неговиот најстар брат Емилио Естевез и неговата отуѓена 21-годишна ќерка Сами Шин не се меѓу соговорниците. Во трејлерот, исто така, не се споменува неговата дијагноза за ХИВ во 2012 година или обвинувањата за сексуално малтретирање на покојниот актер Кори Хаим, што Шин претходно ги негираше.


Ќе издаде и мемоари

Покрај документарецот, Шин ќе објави и мемоари од 368 страници, „The Book of Sheen“, на 9 септември. Книгата ќе има и промотивна турнеја со пет настапи, почнувајќи на 8 септември во Њујорк.


Добитникот на Златен глобус и актер четири пати номиниран за Еми, Шин е познат по филмови како „Platoon“, „Wall Street“, „Ferris Bueller’s Day Off“, „Hot Shots!“ и „Scary Movie“, како и улогите во сериите „Spin City“ и „Anger Management“. По краткото пензионирање од глума, тој се појави во серијата на HBO „Bookie“ во 2023 и 2024 година, играјќи верзија од самиот себе.