[ФОТО] Лени Кравиц ги остави без здив обожавателките со новата фотографија без маица: „Не можам да кажам ништо пристојно“

Точка

14/08/2025

19:22

630

Големина на фонт

а а а

Лени Кравиц (61) ги воодушеви обожавателките со последната објава на Инстаграм.

Позирал без маица и ги покажал стомачните мускули. „Лас Вегас. 43 степени“, порача во описот на објавата и собра многу комплименти.

„Како овој човек има 61 година?“, „Не можам да кажам ништо пристојно“, „Би сакала да го запознаам“, „Топ изгледаш“, „Сите зумираме како да нема утре“, пишувале следбениците во коментарите.


Здрава исхрана и тренинг

Музичарот го одржува младоликот изглед со здрав начин на живот и редовни тренинзи, за што често зборувал во претходни интервјуа.

Поголемиот дел од храната ја одгледува сам, а исхраната му се базира на растителни намирници, често во сирова форма.„Јадам многу чисто“, рекол музичарот, нагласувајќи дека внимателно внимава што внесува во телото.


Вежбањето е задолжителен дел од неговата дневна рутина. Најмногу сака кардио тренинзи, особено возење велосипед, и не пропушта да тренира дури и кога е на пат – па и во кожни панталони или фармерки ако така наложат околностите.

За време на подготовките за турнеја, Кравиц се откажува од алкохол, цигари и ноќни излегувања, а на сон му посветува минимум осум часа секоја вечер.

„Тоа е комбинација од гени, грижа за себе, напорна работа и дисциплина“, вели музичарот, додавајќи дека доследноста во овие навики позитивно влијае на сите аспекти од неговиот живот.