Дојде време за опуштен викенд со добар филм, друштво и многу пуканки!

Точка

14/06/2013

17:14

9.108

Големина на фонт

а а а

Многумина ќе се согласат дека нема подобар начин за опуштање од напорната работна недела со добар филм, во друштво на своите најблиски и најсакани и со многу пуканки. Токму затоа, во продолжение погледнете кои се најгледаните филмови вo текот на изминатата недела.

Доколку немате идеја кој филм да го гледате овој викенд, во продолжение погледнете го распоредот на овонеделниот распоред во американскиот бокс офис и помеѓу десетте филмски хитови сигурно ќе го пронајдете оној кој што ќе ве натера да направите голема количина пуканки, да го викнете друштвото или партнерот и да поминете мирна и релаксирана вечер во рамките на вашиот дом.

1. "The Purge"

На првото место на американскиот бокс офис, веднаш по својата премиера, оваа недела се најде филмот "The Purge", жанровски определен како хорор, трилер и научно-фантастичен хит. Станува збор за режисерско дело на Џејмс ДеМонако, а главните улоги во филмот ги толкуваат Итан Хаук, Лена Хедеј и Макс Буркхолдер. Филмот засега има остварено вкупна заработка од 34,1 милион долари.




2. "Fast & Furious 6"

Шестото продолжение од легендарниот акционен и криминалистички трилер "Fast & Furious", во текот на третата недела од неговата премиера во американскиот бокс офис го има второто место, со вкупна заработка од 203 милиони долари. Режијата на филмот ја потпишува Џастин Лин, а главните улоги ги толкуваат Вин Дисел, Паул Валкер и Двејн Џонсон.




3. "Now You See Me"

Криминалистичкиот трилер "Now You See Me", втора недела по својата премиера се наоѓа на третото место во американскиот бокс офис. Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Марк Рафало, Џеси Исенберг и Вуди Харелсон, има остварено вкупна заработка од 60,9 милиони долари. Филмот е создаден под режисерската палка на Луис Летериер.




4. "The Internship"

Комедијата "The Internship" веднаш по својата премиера се избори за место во американскиот бокс офис. Станува збор за режисерско дело на Шон Леви, а главните улоги ги толкуваат Винс Вауг, Овен Вилсон и Рос Бирн. Овој филм има остварено вкупна заработка од 17,3 милиони долари.




5. "Epic"

Анимираната авантура "Epic", трета недела по својата премиера, има остварено вкупна заработка од 83,9 милиони долари. Филмот е режисерско дело на Крис Веџ, а покрај планетарно познатата музичка дива Бијонсе Ноулс, гласовите на ликовите во анимираниот филм им ги позајмуваат и Колин Фарел, Џош Хатчерсон и Алисон Билис.




6. "Star Trek Into Darkness"

Авантуристичката и научно-фантастичната акција "Star Trek Into Darkness" веќе четврта недела по ред има свое место во американскиот бокс офис, со вкупна заработка од 200 милиони долари. Главните улоги во филмот ги толкуваат Крис Пајн, Закари Квинто и Зое Саланда, а режијата ја потпишува Џеј Џеј Абрамс.




7. "After Earth"

Филмот "After Earth", кој жанровски е определен како акција, авантура и мистерија, оваа недела се наоѓа на седмото место во американскиот бокс офис. Филмот е режисерско дело на Најт Шајмалан, а покрај таткото и синот Џејден и Вил Смит, своја улога во филмот остварува и Софи Оконедо. Филмот забележува вкупна заработка од 46,1 милион долари.




8. "The Hangover Part III"

Третото и последно продолжение од легендарната комедија "The Hangover" трета недела по ред е помеѓу најгледаните 10 филмови во Америка, а истиот има остварено вкупна заработка од 102 милиони долари. Своите улоги во филмот ги репризираат Бредли Купер, Ед Хелмс и Зак Галифианакис, а станува збор за режисерско дело на Тод Филипс.




9. "Iron Man 3"

Третото продолжение од легендарната акција и научно-фантастична авантура "Iron Man 3" шеста недела по ред се наоѓа помеѓу десетте најгледани филмови. Режисерското дело на Шејн Блек има остварено вкупна заработка од неверојатни 394 милиони долари. Главните улоги во филмот ги толкуваат славните Роберт Дауни Џуниор, Гвинет Палтроу и Дон Чедл.




10. "The Great Gatsby"

Долго очекуваната романтична драма, гламурозниот "The Great Gatsby" оваа недела се најде на десеттото место во американскиот бокс офис. Со вкупна заработка од 136 милион долари, режисерското дело на Баз Лухрман забележува успеси во киносалите и поголеми од оние предвидените. Главните улоги во филмот, покрај холивудскиот убавец Леонардо ДиКаприо, ги толкуваат и Џоел Едгертон и Тоби Мегваер.




Доколку сепак сакате некој од овие филмски хитови да ги погледнете на големото платно во киносалите, погледнете ја понудата на скопските кина.