Во сите средни училишта во Македонија навреме почнало и без проблеми се одвива полагањето државна матура.
„Во целата република државната матура почна во точно време, без никакви проблеми. Навреме беше доставен материјалот иако, за разлика од претходно, одлучивме еден час пред полагањето да биде дистрибуиран материјалот. На тој начин ќе обезбедиме квалитет и ќе ги намалиме сите шпекулации дека има извесни пробивања или злоупотреба на тестовите за државна матура. Им посакувам успех на сите ученици кои денеска почнаа со полагање на државната матура и полесно да се запишат на високообразовните институции“, изјави министерот Ристовски, кому денешниот му беше прв настан во ресорот образование и наука, пренесе МИА.
На новинарско прашање министерот одговори дека го избрал средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ зашто сакал новата функција да ја почне од училиштето каде го завршил средното образование и кое, како што рече, придонело во неговото градење како личност и како политичар.
Ристовски беше придружуван од директорот на Државниот испитен центар Јусуф Арифи и од директорот на „Васил Антевски-Дрен“ Александар Канурков, каде што државна матура денеска полагаат 472 ученика.
Директорот на ДИЦ Јусуфи потврди дека матурата се реализира непречено.
„Како и минатата државна матура, испитниот материјал денеска навремено беше доставен до училиштата, за разлика од порано кога се доставуваше 24 часа однапред. Сега се оневозможуваат манипулации и се има пообјективна државна матура. Околу 2.000 тестатори, исто така, навреме беа на своите места, како и над 300 набљудувачи. Од нив имаме добри информации дека тестот по мајчин јазик тече според правилата на државната матура. Немаме информации за манипулации кои може битно да влијаат врз квалитетот и објективноста на испитот“, рече Арифи.
Директорот на „Дрен“ Канурков рече дека нивните ученици се добро подготвени и дека немале никаков проблем во организација и спроведување на државната матура. - Крајните резултати ќе покажат какви знаења имаат нашите ученици и нашите професори, рече Канурков.
Полагањето на првиот, задолжителен предмет од испитот државна матура почна во 10 часот. Тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература го полагаат 19.289 матуранти и трае четири часа. Како и во минатите години, тестот се состои од есеј и од 30 прашања од граматика и литература, кои учениците ги одговораат со заокружување.
Во однос на минатата година, во оваа е за 1,06 отсто поголем бројот на матуранти кои се пријавиле да полагаат државна матура.