Ford Fiesta најдобро продаван мал автомобил во Европа во првиот квартал во 2013 год.

Точка

20/05/2013

11:15

2.126

Големина на фонт

а а а

Ford Fiesta бил најдобро продаван мал автомобил во март и во првите три месеци од 2013 год., според најновите податоци од светскиот водечки давател на автомобилски податоци и известувања, JATO Dynamics.

Европските клиенти купуваат Fiesta со стапка од едно на секои 100 секунди во текот на првиот квартал во 2013 год. – 41.600 во март, а 77.800 вкупно во првите три месеци од 2013 год. – 14.000 парчиња повеќе од нивниот најблизок конкурент, според JATO.

Паркирани браник-до-браник Fiestа возилата кои се продадени во текот на првиот квартал би опфатиле еквивалент од 770 круга од 400 метри на Олимписка патека за трчање.

“Јасно е од стапката дека нашата нова Fiesta надлетува дворови со што прави зделки со клиентите на мали автомобили во Европа.“ рекол Roelant de Waard, подпретседател, на Маркетинг, Продажба и Услуги на Ford од Европа. “Сегментот на мал автомобил веројатно е поконкурентен од било кога до сега и новата Fiesta добива дел на пазарот на мало и постигнува успех кај новите клиенти со силата на својот дизајн, технологија и динамиката на погонот.”


Учеството во малопродажба на Fiesta – продажбата на приватни клиенти – во својот сегмент пораснала за 1,2 процентуални поени во март. Исто така, пристигнатите порачки од клиентите се зголемиле за 8 проценти во првиот квартал во споредба со истиот период во минатата година.

Новата Fiesta нуди седум опции за пренос на ел.енергија со кои се нуди под - 100 g/km CO2 перформанс вклучително 1.0-литарски EcoBoost мотор, “Интернационален мотор на годината” за 2012 год. Една четвртина од Fiestа возилата кои се продадени оваа година во Европа биле опремени со 1.0-литарски EcoBoost.

Исто така, новата Fiesta се карактеризира со динамичен нов надворешен и внатрешен стајлинг со репер дизајн, мајсторство и ергономика како дополнение на понудата на Ford MyKey, кое овозможува родителите да стават забрани на помладите возачи да промовираат безбедност.


Исто така, ново за Fiesta претставува Ford-овиот SYNC систем за поврзување на глас-активиран во возило, се каратеризира Итната Помош да ги алармира локалните оператори на итна помош за несреќа на 26 јазици кои се зборуваат во 40 региони во Европа. Шеесет проценти на новите Fiestа возила порачани во текот на првите четири месеци од годината ги карактеризира усовршениот систем за добивање на награда Euro NCAP.

Најпопуларна боја до денес е ледено белата која ја одбрале 23 проценти од клиентите- достигна до 40 проценти во Грција - по која следи пантер црна и сребрена како месечева прашина. Педесетипет проценти од купувачите на Fiesta одбрале внатрешност со боја црна како јаглен, вклучувајќи 84 проценти од клиентите во ОК.

Fiesta на почетокот на годината била наречена најдобро продаван подкомпакт автомобил глобално во 2012 год., со 723.130 регистрации, од автомпбилски податоци и трендови кои ги предвидел лидерот Polk. Исто така, бил најдобро продаван мал автомпбил во Европа во 2012 год. според JATO Dynamics, кај европските клиенти кои купиле вкупно 306.405 модели.