Британците го избраа најдобриот автомобил во последните 50 години – Претпоставувате кој е број 1 и за нив?

Точка

14/08/2025

17:41

1.638

Големина на фонт

а а а

„Volkswagen Polo“ е прогласен за најдобар автомобил во последните пола век во рамки на престижното британско натпреварување „Best Cars of the Year“. Наградата беше објавена во пресрет на „British Motor Show“, во чест на 50-годишнината од моделот кој првпат беше претставен во 1975 година.

Импресивни продажни бројки

Со повеќе од 20 милиони продадени примероци низ шест генерации, „Polo“ е еден од најуспешните автомобили на „Volkswagen“. Минатата година, моделот остана меѓу 20-те најпродавани автомобили во Европа, потврдувајќи ја својата трајност и успешната формула.

„20 милиони возачи кои купуваат ’Polo‘ од 1975 година не можат да грешат. Тоа е најдоследниот градски модел во последните 50 години“, изјави Мајк Ратерфорд, основач на натпреварувањето.


Еволуција низ генерациите

Низ децениите, „Polo“ прерасна од основен градски автомобил во премиум семеен хечбек. Сегашната генерација „Mk6“ е долга повеќе од четири метри и поставува стандарди во сегментот на мали автомобили.

Моделот се истакна и во „motorsport“ – каде „Polo R WRC“ освои четири светски рели титули, додека верзијата „GTI“ продолжува да нуди спортски перформанси за секојдневна употреба.

Ова признание доаѓа една година по тоа што „Golf“ ја доби истата чест за време на својата 50-годишнина, уште еднаш потврдувајќи ја доминацијата на „Volkswagen“ во категоријата на компактни возила. Очигледно, на Германците не се „слаби“ само луѓето од овој регион.